На 28-ми јануари во Барселона, Philips го претстави својот најнов асортиман на производи за 2025 година, поставувајќи нови стандарди за домашната забава. Kомпанијата продолжува да го води патот во индустријата, комбинирајќи технологија, врвен дизајн и одржливост. На овој настан присуствуваше и АИТОНИКС, официјален дистрибутер на Philips во Македонија во категориите телевизори, монитори и паметни уреди за домот, кој како официјален застапник ја овозможува достапноста на Philips производите на пазарот. Philips на овој настан претстави производи кои не само што ги зголемуваат перформансите на домашната забава, туку истовремено ги почитуваат еколошките стандарди. Нудат најнови телевизори со OLED технологија, звучници со Dolby Atmos и DTS:X + Virtual X, како и безжични слушалки и мини Hi-Fi системи кои нудат висококвалитетен звук за целосно уживање во вашите омилени активности.
Philips OLED+ Ambilight TV – Врв на перформансите
Philips продолжува да поставува нови стандарди во домашната забава со својата серија OLED+ Ambilight телевизори. Овие телевизори вклучуваат најнов P5 AI Dual Engine процесор и META Technology 3.0 OLED панели, кои носат со себе несекојдневно искуство во поглед на слика и боја. Вклучувањето на Ambilight на четири страни создава имерзивно искуство кое го зголемува уживањето при гледање на телевизија.
• OLED+950 – Ќе биде лансиран во септември 2025, овој модел е наменет за вистинските љубители на слика и звук. Користи RGB Tandem панел кој овозможува побогати бои и повисока осветленост. Вклучениот 70W 2.1 звучен систем го прави совршен за гледање филмови, играње игри и слушање музика со богат звук.
• OLED+910 – Очекувајте го во јуни 2025, овој модел е идеален за оние кои бараат слика на највисоко ниво, со најнов P5 AI процесор и META 3.0 технологија. Звучниот систем Bowers & Wilkins 3.1 носи длабок бас и широк звучен спектар. Дополнително, Game Bar автоматски препознава игри и го применува најдобриот профил за игри. Поддржува најновата верзија на Google OS, со пристап до стотици апликации и прилагодени гејминг профили. Исто така, Philips го проширува своето портфолио за 2025 година, нудејќи најширок спектар на телевизиски технологии. Во новата Ambilight серија на телевизори се вклучени OLED, Mini-LED и DLED модели, кои ги задоволуваат различните вкусови и потреби на потрошувачите.
• OLED810 и OLED760 – Средно-класни модели со Ambilight на три страни, овие телевизори користат напредна AI технологија за оптимизирање на боите и контрастот за најдобро искуство при гледање.
• MLED950 и MLED910 – Премиум Mini-LED модели кои нудат високи перформанси со 144Hz WCG панели и поддршка за HDMI 2.1 и Dolby Vision, кои обезбедуваат реалистични слики и неверојатна брзина на рендерирање.
• PUS9000 – Премиум DLED модел со Ambilight на три страни, кој комбинира висока резолуција и одличен квалитет на слика, по конкурентни цени. Сите овие телевизори се опремени со новата Moments апликација, која ви овозможува лесно пренесување на фотографии и видеа од вашиот мобилен телефон на телевизорот.
Philips Soundbars – Совршен звук за домашно кино
Додека телевизорите носат неверојатен квалитет на слика, Philips уште еднаш го задоволува барањето за совршен звук со новите звучници: B6100, B8200 и B8500. Овие звучници се дизајнирани да го комплетираат вашиот дом и да обезбедат имерзивно аудио искуство кое се совпаѓа со високиот квалитет на слика.
• B8500 – Овој премиум звучник нуди 5.1 канален звук со Dolby Atmos и DTS:X + Virtual X, со моќност од 300W RMS, обезбедувајќи неверојатно аудиовизуелно искуство. Потполно компатибилен со најновите телевизори OLED810 и MLED950, и идеален за љубителите на кино.
• B8200 – Компактен, но моќен звучник со висина од само 37mm и ширина од 811mm, кој нуди 160W RMS и поддршка за Dolby Atmos и DTS: Virtual X. Совршен за оние кои сакаат висококвалитетен звук без да жртвуваат простор.
• B6100 – Префектен избор за телевизори со големина од 48”-55”, овој звучник нуди моќност од 200W RMS и поддршка за Dolby Atmos и DTS:X + Virtual X, овозможувајќи богат и тродимензионален звук. Сите овие звучници се изработени од рециклирани пластики, што ја покажува посветеноста на Philips кон одржливоста, додека ви овозможува висококвалитетно и еколошки одговорно искуство.
Со оваа нова палета на производи, Philips повторно ја потврдува својата позиција како лидер во индустријата за домашна забава. AITONIX, како официјален дистрибутер на Philips, продолжува да ги носи овие иновации на локалните пазари, овозможувајќи им на потрошувачите да уживаат во најновите технологији и еколошки одговорни решенија. Сите овие иновации не само што ја подобруваат сликата и звукот, туку и го подобруваат искуството на гледање и слушање, правејќи го секој момент со Philips незаборавен. За повеќе информации во врска со уредите од Philips, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса [email protected].