Жена за која се тврди дека е најстарата личност на светот почина на 122-годишна возраст, пренесува британски „Мирор“. Лин Шему од провинцијата Фуџијан во Кина починала на 1 јануари во сон, а официјалните документи бележат дека е родена на 18 јуни 1902 година, што значи дека живеела 122 години и 197 дена.
Лин е родена за време на владеењето на кинескиот император Гуангсу, 10-тиот владетел на династијата Кинг, кога Теодор Рузвелт беше претседател на Соединетите држави, а Лорд Салисбери беше премиер на Велика Британија. Таа имаше само 10 години кога потона Титаник 1912 година и беше современик на Првата светска војна и Втората светска војна, Октомвриската и кинеската револуција и летот на првиот човек на Месечината.
Лин го живеела целиот свој живот во кинеската провинција Фуџијан, сместена помеѓу Шангај и Хонг Конг во Кина. Со својот покоен сопруг имала три сина и четири ќерки. Нејзиниот најмлад син денес има 77 години. Освен што го изгубила видот поради старост и ги повредила двете нозе при пад, Лин не боледувала од други болести и можела цел живот да се грижи за себе. На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Лин одговорила: „Можноста да јадам, пијам и спијам“.