Руската армија во јануари зазеде уште 430 квадратни километри украинска територија и се приближува до логистичкиот центар Покровск, покажуваат податоците на американскиот Институт за проучување на војната. Повеќе од 80 отсто од напредувањето на руската армија минатиот месец е во регионот на Доњецк, каде руските сили се обидуваат да го заземат градот Покровск. Руските сили сега се на само два километри од важниот логистички центар, кон кој се приближуваат од југ и од исток.
Руската армија исто така напредуваше околу 50 квадратни километри на североисточниот фронт околу градот Купјанск. Во декември руската армија зазеде 476 квадратни километри, а еден месец претходно – 725 километри квадратни.