Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран се најде во центарот на вниманието кој се пресели во Ал Наср се најде во центарот на вниманието откако одлучи да не живее во Саудиска Арабија и секој ден да патува 90 минути со авион за на тренинг. Дуран беше најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок, меѓутоа поради строгите закони во Саудиска Арабија ќе живее во Бахреин.
Причината е што фудбалерот сака да живее заедно со својата девојка, а во Саудиска Арабија тоа не е можно бидејќи не се венчани. Во редовите на Ал Наср, Дуран пристигна откако за Астон Вила постигна 12 голови на 29 натпревари. Дуран нема да биде единствениот со ваков потег бидејќи претходно во Бахреин престојуваа Стивен Џерард и Џордан Хендерсон, но нивното патување траеше многу помалку, еден час во двата правци.