Ми претставува особено задоволство што како претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи Тим 40, добив чест да номинирам исклучителни професионалци кои наредните 5 години имаат мандат да придонесат кон унапредување на бизнис заедницата. Им честитам на членовите на Тим 40, Тони Јанковски, Димитрије Здравковски и Бранко Рафајловски за нивното вклучување во Собранието на Стопанската комора на Македонија – најголемата бизнис организација во земјата.
Тони и Димитрије како членови во Собранието, Бранко како еден од членовите претставници на здруженијата. Ова е доказ за нашата заедничка работа, довербата која ја градиме и поддршката од врвниот менаџмент на Комората заедно со мојот пријател и претседател на Комората, Бранко Азески. Новите генерации лидери во Македонија ми даваат за право да верувам во подобри времиња за нашата бизнис заедница и општество во целост!