Eден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Ромарио кој денес има 59 години се најде во центарот на вниманието поради својот љубовен живот. Најдобриот фудбалер во светот за 1994 година зад себе има три брака во кои доби седум деца, а низ годините често пати беше забележуван со помлади девојки. Сепак, неговата последна врска привлече најголемо внимание.
Имено, како што пренесуваат бразилските медиуми, Ромарио сега е во врска со 21-годишната студентка Алиша Гомеш. Иако, Ромарио се обидувше да ја сокрие врската со 38 години помладата девојка не успеа во тоа бидејќи повеќе пати бил забележан во јавноста. За репрезентацијата на Бразил, Ромарио собра 70 настапи во кои постигна 55 гола, а по завршувањето на фудбалската кариера започна да се занимава со политика и денес е сенатор на Рио Де Женеиро.