Израелските безбедносни сили ја проширија воената операција до Нур Шамс на Западниот Брег, изјави во неделата воен портпарол, најавувајќи проширување на воената операција на окупираната територија. Армијата, полицијата и разузнавачките служби започнаа антитерористичка операција во Џенин на 21 јануари, која властите ја опишаа како „голема и значајна воена операција“. Израелската војска соопшти дека во операцијата биле убиени неколку милитанти, а неколку осомничени по кои се трага биле приведени.
Џенин е локација на густо населен бегалски камп во кој се сместени Палестинците кои беа протерани во војната во 1948 година, кога беше основана државата Израел. Бегалскиот камп со децении беше центар на воена активност и цел на рации на израелските безбедносни сили. Израелските сили, поддржани од хеликоптери и оклопни булдожери, го започнаа нападот врз населбата на 21 јануари, два дена по стапувањето на сила на прекинот на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас Израел смета дека Западниот Брег е само дел од војната на повеќе фронтови со проиранските групи кои се етаблираа долж нивните граници, од Газа до Либан и Јемен, и веднаш го насочија своето внимание кон оваа област по прекинот на борбите во Газа.
Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци објави дека речиси сите 20.000 жители на кампот Џенин се раселени во последните два месеци. Хамас минатата недела повика на „ескалација на отпорот“ против Израел по уривањето на зградите во Џенин. Палестинската управа има делумна контрола врз Западниот Брег, каде живеат околу три милиони Палестинци и е воено контролиран од Израел.