ПОЧИТУВАНИ КАНДИДАТИ,
Во периодот од 7.II 2025 година заклучно со 17.II 2025 година можете да аплицирате за упис на Педагошко-психолошка и методска подготовка. На Педагошко-психолошка и методска подготовка можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или VII/1 степен (додипломски) студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока и се имаат стекнато со најмалку 240 ЕКТС-кредити, а се утврдени со нормативот за наставен кадар во наставната програма, и може да се вработат во основно односно средно училиште. Кандидатите треба да ги поднесат документите во долунаведениот рок во Одделението за студентски прашања на Филозофскиот факултет од 11 до 15 часот.
Кандидатите треба да ги поднесат документите од 7.II 2025 година заклучно со 17.II 2025 година.
Потребни документи за конкурирање:
- Образец за запишување семестар;
- Доказ за уплатени 50 денари за административна такса;
- Диплома/Уверение за дипломирање (фотокопија заверена на нотар);
- Извод од матична книга на родени (во оргинал, без разлика на датумот на издавање);
- Уверение за државјанство на РСМ (во оргинал, без разлика на датумот на издавање).
Уписот на примените кандидати ќе се изврши во период од 24. II 2025 година до 28. II 2025 година и потребно е да доставите:
- Индекс и две фотографии;
- Уплата од 250 евра во денарска противвредност на образец ПП50 на следната жиро сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723119, програма: 41
Приемот на запишаните кандидати и доделувањето на индекси ќе биде на 4. III 2025 во 16:00 часот во Предавална 10 на Филозофски факултет.
Поблиски информации за уписот можете да добите на телефон: 3116-520, лок. 259 и на e-mail: [email protected], а информации за студиските и предметни програми, кандидатите можат да добијат во Библиотеката за педагогија на Филозофскиот факултет, на телефон: 3116-520 лок. 215 и на e-mail: [email protected].
Филозофски факултет- Скопје