Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ниту ги потврди, ниту ги демантираше медиумските извештаи за телефонски разговор меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Додека администрацијата во Вашингтон ја развива својата работа, се појавуваат многу различни комуникации, овие комуникации се одвиваат преку различни канали и, се разбира, со оглед на мноштвото на овие комуникации, јас лично можеби не знам нешто. Затоа во овој случај не можам ниту да потврдам, ниту да демантирам“, изјави Песков за Интерфакс.
Песков кон крајот на јануари изјави дека Путин е подготвен да има телефонски разговор со Трамп и дека Москва чека глас од Вашингтон дека и тој е подготвен. Трамп, исто така, во петокот рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела за да разговара за завршување на војната во Украина.