36-годишен жител на Скопје доби кривична пријава откако, според полицијата, изнајмил автомобил, а потоа не го вратил.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 13.10.2024, пријавениот склучил договор со рентакар-компанија за изнајмување на патничко возило, но по истекување на рокот тој не го вратил возилото. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје“, велат од МВР.