Изведувачот кој го ангажираше Општина Карпош постави канализациона мрежа во должина од 27 метри, со поширок обем на цевки со димензии Ф-250 мм.
Во случајов се поставени и три нови шахти со нови капаци, а изнајдено е и најсоодветно решение за трасирање на патеката по која се одвива падот на фекалните води. И овој комунален зафат, локалната самоуправа го реализираше со јавна набавка за брзи интервенции во фекалната канализација.