Во рамките на Светскиот ден на радиото, претседателот на Собранието на Северна Македонија, г. Африм Гаши, оствари посета на Македонската радио-телевизија. За време на посетата, тој одржа средба со генералниот директор, г. Маријан Цветковски и директорката на радиото, г-ѓа. Ајтен Власаку Мехмети, при што се дискутираше за актуелната состојба и различните предизвици со кои се соочува оваа институција. Претседателот беше запознаен со овогодинешните планови за инвестиции во напредна радио опрема и технологии.
Гаши исто така ги посети студијата на Македонската радио-телевизија и имаше можност да им се обрати на слушателите на радиото, каде што ја истакна својата блиска поврзаност со радиото и изрази силна поддршка од Собранието за развојот и унапредувањето на овој медиум. На прашањето за можноста за 24-часовно емитување на Радио Скопје, тој изрази подготвеност да помогне и рече дека треба интензивно да се работи на изнаоѓање модалитети кои ќе овозможат решенија на овој план. На крајот од посетата, претседателот Гаши во име на Собранието и врачи симболичен подарок на директорката Власаку Мехмети, во чест на вредниот и незаменливиот придонес на националното радио