Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС. Владата се погрижи 8 месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар. ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.
Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите кои како готови му беа сервирани од разни институции.Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС. Неминовна е смената на Коцевски, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за истиот. Одговорност има.