Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес оствари средба со г. Едуардас Борисовас, амбасадор на Литванија во Република Северна Македонија. Претседателот упати честитки по повод 16-ти февруари, Државниот ден на обновата на Литванија со искрени желби за силна и просперитетна Република Литванија. Тој изрази благодарност за контитуираната поддршка што нашата земја ја добива од Литванија за пристапувањето кон ЕУ како и за подготвеноста за споделување на сопственото искуство на тој пат. Во време на сериозни геополитички и економски предизвици во Европа и светот, тој изрази надеж за натамошна поддршка на Република Литванија на интеграцијата на Република Северна Македонија и на останатите земји од Западен Балкан во Европската унија.
Амбасадорот Борисовас истакна дека Литванија се залага за проширување на ЕУ кон Украина и Молданија но дека исклучително важно е процесот на проширување на Унијата да продолжи кон земјите од Западниот Балкан, врз основа на принципот на заслуги, и тие да стана членки на ЕУ што е можно поскоро. Смета дека Северна Македонија, Црна Гора и Албанија имаат најсериозни шанси да станат земји членки на ЕУ до 2030 година. Соговорниците се согласија дека билатералните односи меѓу двете држави се развиваат во духот на заемно разбирање и волја за натамошно интенизивирање. Имајќи ја предвид геополитичката карта и новите случување на светската сцена тие констатираа дека процесот на проширувањето на ЕУ треба да се третира повеќе како безбедносно отколку како интегративно прашање.