Пратениче, професоре, не ве личи да лажете! Со реформата “Бруто плата”патните трошоци, како и надоместокот за храна, не беа укинати, туку вклучени во бруто платата на вработените. Погледнете ја статистиката за износот на просечната нето-плата за јануари 2009 година (19.616 ден.) во однос на истиот месец од 2008 година (15.555 ден.) и ќе забележие зголемување од 26,1%! На што се должи ова зголемување? Дополнително, работодавачите се задолжија со закон платата со платени социјални придонеси да ја исплатуваат најдоцна до 15-ти во месецот.
Ваков смел потег, верувајте, не би превзел ниту најортодоксен левичар. Знаете ли кава револуција во полза на работниците беше ова?! До пред реформата, околу 14% од вработените не земаа плата за претходниот месец. Овој процент како со магично стапче се сведе на само 1 (еден) отсто уште првиот месец по реформата. Дека сте во голема заблуда и ќе се посрамотите заради вашето незнаење и ред јавноста и пред парламентот ви праќам извадок од Закон за исплата на плати во Репувлика Македонија (консолидиран текст) со измените што стапија во сила од почетокот на 2009 година. Погледнете го став 1 од член 3. Надоместците за превоз и храна не беа укинати, туку вклучени во платите на вработените. Совет: бришете ја објавата тука и на ФБ; извинете се и откажете се од најавената иницијатива за во Парламентот за “враќање” на надоместоците за превоз.
Пратениче, професоре, не ве личи да лажете! Со реформата “Бруто плата”патните трошоци, како и надоместокот за храна, не беа укинати, туку вклучени во бруто платата на вработените.
Погледнете ја статистиката за износот на просечната нето-плата за јануари 2009 година (19.616 ден.)… pic.twitter.com/cQaZX9nTS9— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 14, 2025