Зборувајќи на почетокот на безбедносната конференција во Минхен (МСЦ), која ќе трае до 16 февруари, шефот на германската држава предупреди: „Нередот не смее да стане модел за нов поредок на светот“. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер оцени дека новата американска администрација е безобѕирна кон остатокот од светот, пренесе Дојче веле. – Таа има поинаков светоглед од нас – рече Штајнмајер. Зборувајќи на почетокот на безбедносната конференција во Минхен (МСЦ), која ќе трае до 16 февруари, шефот на германската држава предупреди: „Нередот не смее да стане модел за нов поредок на светот“. Новата ориентација на политиката во Вашингтон, нагласи Штајнмајер, не може да се смени од страна на другите држави, и „тоа мора да го прифатиме, со тоа мора да се справуваме“. Но, германскиот претседател е уверен:
Тој истовремено ја критикуваше и „историски невидената концентрација на технолошка, финансиска и политичка моќ“ што моментално се создава во САД. – Искрено ви велам: како демократ, јас сум загрижен, многу загрижен, кога мала претприемничка елита има моќ, средства и волја да редефинира суштински дел од правилата на игра во либералните демократии – рече Штајнмајер. Особено е загрижувачки, потенцира Штајнмајер, „кога некои од оваа елита не го кријат својот презир кон институциите и нормите на нашата демократија“. Тој ја предупреди американската влада од преземање самостојни потези: – Дури и најсилните, и САД, во 21 век се упатени на сојузници – порача Штајнмајер.