Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишната Д.Г.од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
„Имено таа на 12.01.2025 во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија“, информираат од СВР Тетово.