6.8 C
Скопје
22/02/2025 12:06
МАКТЕЛ

    

Пругата Скопје – Солун два месеца во аут: Дотурот на стока нема да запре, повеќе работа за камионџиите

      

Соодносот на превезената стока со железницата наспроти камионскиот превоз и досега беше 80:20. Првиот воз меѓу Скопје и Солун сообраќа од 9 јули 1873 година Прекин на железничкиот товарен транспорт, зголемени трошоци поради пренасочувањето на превозот со камиони кон Бугарија и нови чекања на патните граници е најкусиот рапорт за проблемите што ќе се јават поради двомесечното затворање на железничката пруга Скопје – Солун. Пред три дена, товарен воз излета од шините кај Поликастро, Северна Грција. Инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од четири километри, но нема повредени. Се стравува дека станицата Идомени исто така може привремено да биде затворена поради поправки. За да се ублажи прекинот, меѓународниот товарен сообраќај ќе се пренасочува низ Бугарија додека траат поправките, објави Хеленик треин.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, само 59 илјади патници се возеле со возови, а во железничкиот превоз е забележано намалување на превезениот товар за 9,3 отсто. Според структурата, македонската метална индустрија ќе има најголеми штети, бидејќи најмногу ја користи железницата, па речиси 50 отсто од целиот железнички транспорт, се состои од метали или метални производи со исклучок на машини. Со железницата се превезуваат и опрема и материјали што се користат во транспорт на стока, како и коксот и производи добиени од рафинирање на нафтата. Со возови се транспортираат и хемикалии, хемиски производи, вештачки и синтетички влакна, производи од гума и пластични маси. Извештајот за работењето на МЖ Транспорт за 2022 година покажува дека тие имале околу дваесетина коминтенти за кои превезувале стока.
Стоката, која сега нема да може да превезува со воз, ќе се транспортира со камиони, а тоа ќе ја зголеми работата на македонските транспортери, вели за „Слободен печат“ Билјана Муратовска, генерална секретарка на Асоцијацијата „Макам транс“. Според неа и досега соодносот на превезената стока со железницата виза ви камионскиот превоз, беше 80:20.

   

– Се надеваме на зголемени нарачки, бидејќи имаме доволно габаритни камиони и автоцистерни, така што сметам дека нема да има проблеми со превозот и дотурот на стока. Солунското пристаниште е појдовна точка за сите увозни транспорти, но ќе се зголемат колоните на границите, бидејќи немаме пруга кон Бугарија, а транспортерите не сакаат да ги зголемуваат своите трошоци – објаснува Муратовска.

Според експертите, речиси 30 отсто од стоката што доаѓа од солунското пристаниште е за Македонија, а пристапот до тоа пристаниште за нас е најидеален. Другите пристаништа што можат да примаат конвенционални и контејнерски бродови се Кавала и Волос, кои се со дополнителни 140 километри од Солун. Како други алтернативни пристаништа во регионот се Бургас на 650 километри и Драч на 300 километри. Министерот за транспорт Александар Николоски си постави цел – да изгради брза пруга и тоа во делот на Коридорот 10, од границата со Србија до границата во Грција.

– Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридорот 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт – истакна Николоски.

Првиот воз меѓу Скопје и Солун беше пуштен 9 јули 1873 година.

Од 1 април нови европски правила за обработка на царинските податоци

Од 1 април годинава, патните и железничките превозници ќе треба да обезбедат податоци за стоката, испратена до или преку ЕУ пред нејзиното пристигнување, преку целосен електронски документ. Обврската се однесува и на поштенските и на експресните превозници, кои превезуваат стока користејќи ги овие начини на транспорт, како и други страни, како што се давателите на логистика.

Економските оператори што не се подготвени до овој датум, треба да го контактираат Националното сервисно биро на земјата членка на ЕУ (Националната царинска управа) каде што го регистрирале и го добиле својот број EOРИ, за да побараат прозорец за распоредување најдоцна до 1 март 2025 година. Стоката може да биде запрена на границите на ЕУ и може да не биде царинета од царинските органи доколку трговците не ги исполнат барањата за ИЦС2 навреме, објави ЕК.
Системот за контрола на увозот 2 на Европската Унија има за цел да ја подобри безбедноста и безбедноста на стоката што влегува во ЕУ со воведување стандардизиран царински процес пред пристигнување за сите начини на транспорт, вклучително и патен и железнички, а со тоа да се подобри способноста на ЕУ да ги спречи и да се бори против царинските прекршоци.

  

Најново

БОЈАН ЦВЕТАНОСКИ, претседател на ЛК СДММ-Прилеп: БОРКО РИСТОВСКИ И ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖАА ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ – ВРАТИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОСТАНАА ЗАТВОРЕНИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на Трамп

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

Sase Ivanovski

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7

Sase Ivanovski

Во рускиот град, спомениците на паднатите војници сведочат за тригодишната години војна против Украина

Sase Ivanovski

Трамп го предупреди Илон Маск за изградбата на фабрика на Тесла во Индија: Тоа би било „многу неправедно“ кон американската администрација

Sase Ivanovski

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Саботер од Украина работел за Русија во Полска, доби осум години затвор

Sase Ivanovski

Јончевски: Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви

Sase Ivanovski

Насловната на утрешен „Шпигел“: „Предаден – денес Зеленски, утре ние?“

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Проверка на факти: Дали е Трамп во право кога вели дека Украина ја почнала војната со Русија?

Sase Ivanovski

Какви беа релациите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски со текот на времето

Sase Ivanovski

Проверка на имоти на судии и обвинители – да, но неселективно

Sase Ivanovski

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Sase Ivanovski

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Sase Ivanovski

Големата идеолошка конфузија: Левичари – надесно равнајс!?

Sase Ivanovski

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Sase Ivanovski

Протест на вработени во Филхармонија, бараат директорот да се избере според критериумите, наместо со партиски договор

Sase Ivanovski

Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Sase Ivanovski

Контраспин: ВЛЕН со спинуван одговор до ДУИ за Албанците во безбедносниот сектор

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Sase Ivanovski

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Sase Ivanovski

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја!

Sase Ivanovski

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во ССК – МСП се двигателот на нашата економија, поддршка за нивните инвестиции со поволните средства на Владата од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Со замрзнати руски средства ќе се обновува Украина, Москва се согласила но поставила услови

Sase Ivanovski

Сушење алишта во домот – научниците сметаат дека тоа може да биде опасно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најопасното сирење на светот: Се создава со ларви, забрането е 60 години, а луѓето го јадат со векови

Sase Ivanovski

Дали комичарот станува трагичар?

Sase Ivanovski

Скопјани не го даваат дивиот паркинг кај Народна банка, ги откорнаа столпчињата да си обезбедат влез

Sase Ivanovski

Зоните на „Градски паркинг“ го освојуваат Скопје, ќе се шират низ Карпош, Аеродром, Чаир и Гази Баба

Sase Ivanovski

Американските разузнавачи скептични- немаат информации дека Путин планира мир

Sase Ivanovski

Конфликтот со Трамп му го зголеми рејтингот на Зеленски кај Украинците ?

Sase Ivanovski

Динамо Загреб добива нов стадион вреден 175 милиони евра

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе ја напушти должноста?

Sase Ivanovski

Турчин измамил друг турски државјанин во Штип – му ги сменил лирите со 3.500 фалсификувани евра

Sase Ivanovski

Векна леб не треба да чини повеќе од 20 денари, велат фармерите

Sase Ivanovski

Русија ќе прогласува победа, веќе е договорен датумот за прослава

Sase Ivanovski

(ФОТО) Нина Бадриќ со порака од Тајланд: „Животот не е краток, туку нас доцна ни текнува да живееме“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Бразил: Загинаа 12 студенти при судир на автобус и камион

Sase Ivanovski

Сиљановска од европските лидери повторно бара “креативно решение” за нас

Sase Ivanovski

Малолетничка нападната во ходник од станбена зграда

Sase Ivanovski

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

Sase Ivanovski

Ниту сум потпишала, ниту има договор за вработувања по етничка припадност – вели министерката за финансии по изјавата на Меџити

Sase Ivanovski
Вчитувам....