Репрезентативецот на Макеедонја, Елиф Елмас вчера го постигна својот деби гол во Серија А и тоа во поразот на неговиот Торино против Болоња од 2:3. Стратегот на Торино, Паоло Ваноли по натпреварот изрази задоволство од настапот на Елмас.
„Натпреварот несреќно го загубивме. Елмас ни дава поголем квалитет, тој е важен фудбалер и веќе го покажа тоа во Неапол“, изјави Ваноли.
Торино по 25 одиграни средби во Серија А се наоѓа на 11. Место со 28 освоени бодови.