0.8 C
Скопје
22/02/2025 18:34
МАКТЕЛ

    

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

      

Сѐ почна во Хрватска кон крајот на јануари. Веќе неколку недели, во земјата се одржуваат многубројни бојкоти на супермаркети, со коишто граѓаните го изразуваат своето незадоволство од сѐ повисоките цени. Исто толку незадоволни се купувачите и во други земји-членки на ЕУ, како и во неколку држави што сакаат да се зачленат во блокот. Бојкотот на продавниците го почна една група на Фејсбук наречена „Ало, инспекторе“. Движењето наиде на поддршка кај групите за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, а доби поддршка дури и од министерот за економија.

– Денеска повторно ќе бојкотираме сè, од супермаркети до аптеки, пекари, кафе-барови и ресторани. Не влегуваме во продавници ниту користиме услуги, изјави Јосип Келемен од „Ало, инспекторе“ Келемен зборуваше пред третиот круг бојкоти во Хрватска на 7 февруари. Иницијативата почна со пораки што кружеа по социјалните мрежи, во кои се повикуваат граѓаните да се воздржат од какво било купување. Организаторите најпрво повикаа на бојкот на интернационалните малопродажни синџири како Лидл од Германија или дисконтот Еуроспин од Италија, а потоа и на еднонеделен бојкот на хрватскиот Конзум, кој завршува на 14 февруари. Оттогаш, движењето се прошири низ целиот балкански регион – во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Бугарија и Србија.

   

Помалку леб во корпата

Проблемот е двоен – од една страна, високите цени им отежнуваат на многумина потрошувачи да сврзат крај со крај. Од друга страна, пак, локалните производители велат оти не можат да им конкурираат на големите синџири поради тоа што увозните производи се поевтини, а цените што им ги плаќаат ним не им ги покриваат производствените трошоци. Економистите новиов наплив на растечки цени во Хрватска го објаснуваат со значително зголемената лична потрошувачка и вкупна домашна побарувачка наспроти ограничениот раст на понудата. Голем дел од побарувачката во државата е поради големиот прилив на европски фондови, кохезивни фондови и фондови за закрепнување од пандемијата.

Животните трошоци се покачуваат низ цела ЕУ, со оглед што платите не се покачуваат заедно со цените на храната. Според Евростат во Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, просекот на цените на храната во ЕУ изнесувал 145,2 поени во декември 2024, споредено со референтната вредност од 100 во 2015. Годишната инфлација во еврозоната, според проценките на Евростат, во јануари изнесувала 2,5 отсто. Стапката на инфлација кај прехранбените производи, алкохолот и тутунот била 2,3 отсто. Во двете западнобалкански земји што го користат еврото – Словенија и Хрватска – стапката на инфлација била 2,3 отсто во првата и 5 отсто во втората, што ја прави инфлацијата во Хрватска највисока во еврозоната.

Бојкотите се заразни

Бојкотите ги заразија и потрошувачите во земјите-кандидати за членство во ЕУ, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Граѓаните во Босна и Херцеговина се наоѓаат под сѐ поголем притисок од поскапувањата – животниот стандард опаѓа бидејќи платите не успеваат да држат чекор со растечките животни трошоци. За да го пренасочи трендов, неформалната група „Бојкот во БиХ“ преку социјалните мрежи повика на бојкот на големите малопродажни синџири на 7 и 8 февруари. Прометот во тие два дена опадна.

На 31 јануари и 7 февруари, супермаркетите во Северна Македонија беа полупразни. Граѓаните купуваа на пазарите или во локалните продавнички – или вопшто не пазареа. Граѓаните го поддржаа бојкотот иако не беа убедени дека еднодневен бојкот може да доведе до решавање на проблемите. Велат дека цените постојано растат, а платите остануваат исти. Во пресрет на бојкотот, некои маркети најавија попусти на производите и поволности за потрошувачите, а за високите цени ги обвинија снабдувачите.

Српската организација на потрошувачи „Ефектива“ повика на еднодневен бојкот на малопродажните синџири на 31 јануари, потсетувајќи дека во октомври минатата година, Комисијата за заштита на конкуренцијата покрена постапка против четири малопродажни синџири поради сомнежи за местење цени. Најави и нов бојкот под мотото „Сакаш да те ограбат или не?“. Од 10 февруари, пет дена се бојкотираат пет големи трговски синџири: Делез, Меркатор, Унивекспорт, Дис и Лидл.

Бојкоти имаше во соседна Црна Гора на 31 јануари, како и на 7 и 8 февруари. „Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните продукти, а сопствениците на големите синџири профитираат на сметка на народот. Време е да кажеме доста!“, напишаа од црногорската организација „Алтернатива“ на социјалните мрежи.

Акцијата ја поддржаа премиерот Милојко Спајиќ, некои невладини организации и синдикати, но против неа застанаа Стопанската комора и Црногорското здружение на потрошувачи.

Идејата се прошири и во Бугарија, каде што четири организации повикаа на бојкот на трговците на мало и супермаркетите на 13 февруари, според Велизар Енчев, координатор на иницијативата и поранешен бугарски амбасадор во Хрватска.

Движењето досега не ги зафати Албанија и Словенија, а Романците се колебаат.

Некои политичари ги повикаа Романците да ги бојкотираат супермаркетите на еден ден, тврдејќи дека не продавале романски производи. Но, министерот за земјоделство Флорин-Јонут Барбу изјави дека верува оти бојкотот „ќе ги банкротира романските преработувачи“ бидејќи 70 отсто од производите во малопродажбата во Романија се произведени од романски компании за преработка на храна.

Во Албанија немаше бојкот на супермаркетите и покрај спорадичните повици на социјалните мрежи. Владата лани им ги покачи платите на јавните службеници, ги покачи и пензиите, а годинава ја намали цената на струјата. Покачувањето на платите и пензиите не беше проследено со значително покачување на цените во супермаркетите.

Ни во Словенија немаше организиран бојкот на продавниците, иако високите цени на храната се горлива тема во јавноста. Според Државниот завод за статистика, цените на храната и безалкохолните пијалоци се стабилизирале во 2024 година по период на вртоглав раст. Сепак, трговските центри во словенечките градови покрај хрватската граница забележаа скок во бројот на купувачи за време на хрватскиот бојкот. Купувачите од Хрватска велат дека храната и средствата за чистење се многу поевтини во Словенија. Словенечките купувачи, пак, повторно почнуваат сѐ почесто да одат во соседна Италија по поевтини намирници.

Ограничување на цените

Останува да се види дали бојкотите ќе имаат други долгорочни ефекти освен само да ја подигнат свеста, но предизвикаа реакција кај политичарите, кои побараа ограничувања на цените.

Владата на БиХ вети дека ќе ги замрзне цените на 50 производи, а владата на ентитетот Република Српска најави засилени инспекциски контроли и построги казни за трговците што неоправдано ги покачуваат цените.

Во Бугарија, централно-левичарската БСП–Обединета левица поднесе предлог-закон за ограничување за маржите на основните прехранбени продукти, според пратеничката Нина Димитрова. Сличен предлог-закон поднесе и МРФ–Нов почеток. Двете политички сили се загрижени што стотици илјади граѓани не можат да си ги дозволат најосновните прехранбени продукти поради високата инфлација. Од друга страна, пак, Здружението за модерна трговија посочи дека ваквите ценовни ограничувања биле виновни за растечката инфлација.

Хрватската влада им одговори на бојкотите така што го прошири списокот продукти што им подлежат на ценовни ограничувања, додавајќи уште 40 производи меѓу кои брашно, млеко, месо, леб, печива, сокови и производи за хигиена и други.

Многу врева за ништо?

Во Северна Македонија, Управата за јавни приходи соопшти дека прометот во осумте најголеми синџири на супермаркети на 31 јануари се намалил за 46,59 отсто во споредба со истиот ден претходната недела. Но, податоците покажуваат и дека прометот бил поголем за 11,2 отсто на денот по бојкотот.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разбирање за бојкотите и ги повика на дијалог производителите, дистрибутерите, малопродажните синџири и потрошувачите, за да се избегне влошување на ситуацијата. Според него, некои производители, снабдувачи и трговци се служат со трикови за да ги поскапат производите, правдајќи се дека цените на берзите биле повисоки. „Но не е така“, рече Мицкоски.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека потрошувачите имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе си ги трошат парите.

– Го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните, изјави министерот за економија на Северна Македонија, Бесар Дурмиши.

Според податоците на црногорската даночна управа, бојкотот на 31 јануари бил успешен, со тоа што петте најголеми малопродажни синџири забележале пад на приходите од 56,14 отсто во споредба со истиот период претходната недела. Но, податоците покажуваат и дека овие пет синџири забележале зголемување на приходите од вкупно 1,1 милион евра на денот пред и на денот по бојкотот, во споредба со истите денови претходната недела.

И даночната управа во Србија соопшти дека на 31 јануари, вкупниот промет на петте бојкотирани супермаркети бил намален за околу третина во споредба со претходниот ден.

Во Хрватска, каде што сè почна, првиот национален бојкот на 24 јануари довел до пад на трансакциите за 44 отсто и намалување на продажбата за 53 отсто. Вториот бојкот на 31 јануари предизвикал помал пад на продажбата, а имало уште помал пад за време на третиот бојкот, таканаречен „Не купуваме ништо во петок“, на 7 февруари.

Останува прашањето колку бојкотирањето може да помогне да се попречи инфлацијата. Во секој случај, луѓето неверојатно се лутат кога гледаат дека некои производи во Хрватска, која го внесе еврото во 2023, се поскапи одошто во некои поразвиени земји-членки на ЕУ.

  

Најново

Снегот го затвора превозот на Босфор, откажани некои летови од Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест во Софија, гори вратата од зградата на ЕК има и повредени

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Украина, голем проблем со потпишувањето на договорот за минерали

Sase Ivanovski

Фицо: Русија го прекрши меѓународното право, но имаше сериозни причини за тоа

Sase Ivanovski

Хамас во новата размена ослободи шест израелски заложници

Sase Ivanovski

Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски

Sase Ivanovski

Сириец осомничен за напад со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Во Рим откриена работилница за фалсификување слики од најпознатите светски уметници

Sase Ivanovski

Џамијата на Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025

Sase Ivanovski

По 11 години работа во Германија, хирургот Златко Јаков се врати во болницата во Прилеп: Задоволство е да се работи со овој народ

Sase Ivanovski

Иван Мирчевски: Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија и дали спои зад навредите на Сашо Орданоски за претседателот Трамп?

Sase Ivanovski

СДСМ: Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Sase Ivanovski

Милошоски: Уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, затоа треба оставка од Коцевски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нека се освестат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го трансформира здравството во сервис на граѓаните, конечно се реконструира КАРИЛ

Sase Ivanovski

Мицевски: Вториот јавен повик за финансиска поддршка на проекти за општините, ќе придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво, зголемување на економскиот раст и животниот стандард

Sase Ivanovski

Единствена Македонија: Двојни аршини на Канал 5: За Бачев забрана за гостување на телевизијата а за Ордановски – ништо

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

Sase Ivanovski

МОЕПП: Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: (ФОТО) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Димитровски: Секој да придонесе во битката со (аеро)загадувањето

Sase Ivanovski

Бранко Азески Му ја пеел Бела Чао на гувернерот на најголемата кинеска провинција

Sase Ivanovski

МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното министерството

Sase Ivanovski

Авганистанец позира со својот автобус направен по нарачка комбинирајќи труп од хеликоптер Мил Ми-8 и камион Камаз. (Авганистан, крајот на 1980-тите)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Бојан Цветановски: Со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, прилепскиот спорт го допре дното

Sase Ivanovski

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем

Sase Ivanovski

БОЈАН ЦВЕТАНОСКИ, претседател на ЛК СДММ-Прилеп: БОРКО РИСТОВСКИ И ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖАА ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ – ВРАТИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОСТАНАА ЗАТВОРЕНИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на Трамп

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

Sase Ivanovski

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7

Sase Ivanovski

Во рускиот град, спомениците на паднатите војници сведочат за тригодишната години војна против Украина

Sase Ivanovski

Трамп го предупреди Илон Маск за изградбата на фабрика на Тесла во Индија: Тоа би било „многу неправедно“ кон американската администрација

Sase Ivanovski

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Саботер од Украина работел за Русија во Полска, доби осум години затвор

Sase Ivanovski

Јончевски: Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви

Sase Ivanovski

Насловната на утрешен „Шпигел“: „Предаден – денес Зеленски, утре ние?“

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Проверка на факти: Дали е Трамп во право кога вели дека Украина ја почнала војната со Русија?

Sase Ivanovski

Какви беа релациите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски со текот на времето

Sase Ivanovski

Проверка на имоти на судии и обвинители – да, но неселективно

Sase Ivanovski

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Sase Ivanovski

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski
Вчитувам....