Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги повика Европејците итно да создадат план за Украина и безбедноста на континентот, за нејзината иднина да не биде обликувана од други, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат светските играчи да не биде во согласност со европските интереси.
„На Европа итно и треба сопствен акционен план во врска со Украина и нашата безбедност, инаку други светски играчи ќе одлучуваат за нашата иднина. И тоа не мора да значи дека тоа ќе биде во наш интерес“, апелираше премиерот на Полска, која претседава со ЕУ, на мрежата Х.
Тој нагласи дека овој план мора веднаш да се направи.
– Немаме време за губење – рече Туск.