Генералниот инспектор за животна средина, Дарко Блинков, во интервју за нашиот портал, открива алармантни податоци за состојбата во инспекциските служби и предизвиците со кои тие се соочуваат. Меѓу другото Блинков посочи дека градот што се наоѓа покрај РЕК Битола – најголемиот загадувач во државата, останува без државен инспектор за животна средина. Единствениот инспектор што ја покриваше оваа област заминува во пензија следниот месец, а нов кадар нема.
View this post on Instagram