Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во замена, откако посредниците помогнаа да се избегне пропаѓање на прекинот на огнот, пренесува Ројтерс. Тројцата Израелци беа изведени на сцена со палестински милитанти од Хамас, вооружени со автоматски пушки, стоејќи од двете нивни страни на местото во Кан Јунис. Снимките во живо ги покажаа пред да бидат пренесени во Израел од израелските сили.
Набргу потоа, првиот автобус со ослободени палестински затвореници и притвореници го напушти изралскиот затвор Офер на Западниот Брег, кој е под израелска окупација. Автобусот пристигна во Рамала, каде го дочекаа раздвижена толпа, некои мавтајќи со палестински знамиња. Во она што стана познато како Плоштад на заложниците во Тел Авив, луѓето избија во радост и солзи кога слушнаа дека Црвениот крст е на пат да ги предаде тројцата на израелските воени сили во Појасот Газа. Декел-Чен, кој има американско-израелско државјанство, Труфанов, руски Израелец, и Хорн, чииот брат Ејтан исто така беше киднапиран, беа заробени во Кибуц Нир Оз, една од заедниците околу Појасот Газа која беше нападната од борци на Хамас на 7 октомври 2023 година.