Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија руските медиуми. Според руските медиуми, разговорот бил на иницијатива на Вашингтон. Лавров и Рубио се договориле да одржуваат редовни контакти, вклучително и да подготват за средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.
„Двете страни ја изразија својата заедничка желба за интеракција за итни меѓународни прашања, вклучувајќи го и решавањето на ситуацијата во Украина, ситуацијата во Палестина и на Блискиот Исток во целина, како и други регионални области“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Трамп и Путин разговараа по телефон повеќе од еден час во средата.