Високи функционери од администрацијата на Доналд Трамп патуваат во Саудиска Арабија за да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи, соопшти неименуван републикански конгресмен и двајца американски претставници запознаени со планот. Од друга страна, како што се наведува еден украински функционер најавата за разговори во Саудиска Арабија е изненадување за Киев и дека засега не се планира испраќање украинска делегација. Американските власти соопштија дека советникот за национална безбедност Мајк Волц ќе им се придружи на државниот секретар Марко Рубио и Стив Виткоф, претставник на Доналд Трамп за Блискиот Исток, во наредните денови за да започнат разговори за ставање крај на војната во Украина. Сепак, специјалниот пратеник на Трамп за преговорите меѓу Украина и Русија, пензионираниот генерал Кит Келог, нема да присуствува на состанокот, соопштија официјални лица.

НАТО сака место на маса за време на преговорите. Официјални лица, исто така, рекоа дека нема план претставниците на другите големи европски сили да се приклучат на разговорите. Тоа може да предизвика незадоволство кај сојузниците во НАТО, кои јавно го повикаа претседателот Доналд Трамп да им обезбеди место на преговарачката маса. Овој состанок може да претставува клучен момент во потрагата на Трамп за мировен процес, како и првата значајна средба меѓу руските и украинските претставници од почетокот на војната во 2022 година. Мајк Мекол, републикански конгресмен од Тексас, ги потврди плановите Валц и Виткоф да му се придружат на Рубио во Саудиска Арабија за да започнат преговори меѓу двете завојувани страни за време на интервјуто на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Двајца американски функционери, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на преговорите, ги потврдија плановите, но не дадоа дополнителни детали за состаноците, вклучително и кои украински или руски преговарачи ќе учествуваат. Портпаролите на украинската влада и Стејт департментот засега не даваат коментар за овие наводи.
„Ќе има мир само ако се обезбеди суверенитет на Украина“ Трамп во средата за западните медиуми изјави дека очекува да се сретне лице в лице со рускиот лидер Владимир Путин во Саудиска Арабија. „На крајот очекуваме да се сретнеме“, рече тој. „Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија и ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто. На конференцијата во Минхен, највисоките европски претставници истакнаа дека Украина мора директно да биде вклучена во какви било разговори меѓу Трамп и Путин. „Ќе има мир само ако се обезбеди суверенитет на Украина“, порача вчера германскиот канцелар Олаф Шолц на конференција во Минхен „Мировниот договор што би и бил наметнат на Украина никогаш нема да ја добие нашата поддршка, порача Шолц

ЕУ не и верува на Америка под водство на Трамп. Стотици високи странски лидери и претставници на националната безбедност се собраа во Минхен на годишната безбедносна конференција. Собирот ја истакна длабоката загриженост и неизвесноста меѓу Европејците за идната американска посветеност на трансатлантскиот сојуз под водство на Трамп, особено по запаливиот говор на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, кој шокираше многумина присутни. Европските претставници и американските пратеници истакнаа дека за секој мировен договор мора да се преговара на начин што нема само привремено да ги запре борбите и да и дозволи на Русија повторно да се вооружи и да се подготви за нова инвазија во иднина. Пред почетокот на конференцијата, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја отфрли можноста членството на Украина во НАТО да се разгледува како дел од мировните преговори, како и можноста американските војници или колективната одбрана на НАТО да бидат вклучени во каква било идна мировна мисија. Овие коментари предизвикаа критики дури и од висок републикански пратеник, а Хегсет подоцна делумно ги повлече своите изјави.
BREAKING: President Zelenskyy has said that Ukraine "will never accept deals made behind our backs without our involvement" and stressed Donald Trump must not be used as a 'prop in Putin's performance' after the US president opened dialogue with the Russian leader. pic.twitter.com/WNtof8qafA
— Sky News (@SkyNews) February 15, 2025
Можноста за исклучување на Украина и европските сојузници од потенцијалните мировни преговори предизвика загриженост кај дипломатите на континентот, но некои ги гледаат овие поплаки како одраз на нерамнотежата на моќта меѓу Вашингтон и Европа. „Ако треба да инсистирате дека сте релевантни, тоа веројатно значи дека не сте“, рече еден европски дипломат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не верува дека по три години војна Путин е подготвен за искрени мировни „Трамп ми кажа дека Путин сака да ја запре војната. Му реков: „Путин е лажго. „Се надевам дека ќе го притиснете бидејќи не му верувам“, изјави Зеленски во Минхен. Претставници на администрацијата на Трамп му претставија на Зеленски план според кој Украина ќе отстапи дел од своите резерви на ретки минерали во замена за континуирана воена поддршка на САД. Овој план беше одбиен од украинскиот престедател.