Денеска примив голема чест и одговорност! Со гордост и длабока благодарност примив Златен медал за извонредни заслуги, едно од највисоките државни одликувања на Република Србија, која ми е доделена за негување и зацврстување на пријателските односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија.
Ова одликување претставува потврда и поттик за понатамошно јакнење на соработката и добрососедските односи меѓу нашите народи. Србија и Северна Македонија имаат долга историја на братски односи, а овој медал е доказ за нашата цврста поврзаност во сите важни области на животот. Свечената церемонија на доделување државни награди по повод Денот на државноста се одржа во Палата Србија, каде што одликувањето ми го врачи претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Му благодарам на претседателот за ова големо одликување, како и на сите кои го поддржуваа мојот труд – моето семејство, пријателите и сите што беа со мене низ годините. Оваа награда е дополнителен поттик заедно да продолжиме да работиме на зајакнување на нашите врски и зачувување на заедничките вредности.