Славниот холивудски актер Том Круз (62) одамна се смета за еден од најголемите заводници, па папараците секогаш се подготвени и следат со кого излегува. Круз неодамна беше виден во Лондон во друштво на многу помлада колешка, а се шпекулира дека тие се повеќе од пријатели и дека тоа не е само потенцијална деловна соработка. Том Круз бил во друштво на Ана де Армас (36), пишува „Дејли мејл“, кој објави ексклузивни фотографии од нив двајца и наведе дека средбата се случила на самиот „Ден на вљубените“, додека „Пипл“ известува дека се сретнале и ден претходно, минатиот четврток.
Valentine's Day date? Tom Cruise, 62, and Ana de Armas, 36, are all smiles as they are mobbed by fans during night out in London together https://t.co/6TUstLCu9l
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 15, 2025
Круз и Ана де Армас биле во еден познат лондонски ресторан и љубезно се фотографирале со обожавателите кои ги опкружиле По вечерата заедно заминале со такси, носејќи ќеси со храна. Том Круз имаше турбулентна 2024 година кога станува збор за љубовта, поради наводната романса со една Русинка. Тогаш беше поврзуван со пејачката Викторија Канал, која ги демантираше гласините за емотивна врска со познатиот актер. Љубовната врска со Русинката беше првата потенцијално сериозна врска по неговиот развод со Кејти Холмс во 2012 година, со која помина шест години во врска. Тој беше во брак и со Никол Кидман и со Мими Роџерс, додека Ана беше во љубовна врска со Бен Афлек, а во текот на коронавирусот дури и се пресели во неговиот дом. Афлек постојано беше насмеан со Ана, а откако раскинаа, тој ја обнови романсата со Џенифер Лопез, се ожени со неа, па исчезна насмевката од неговото лице, а минатата година и бурмата од раката.

Во 2024 година, Ана беше поврзана со Пол Букадакис (41), а потоа и со посинокот на кубанскиот претседател, Мануел Анидо Гест (28).
Го чекаме расплетот на ситуацијата, а доколку се потврди дека го освоила Том Круз, тоа никого не би изненадило. Ана де Армас е шпанско-кубанска актерка. Пред дваесетина години глумеше во хит серијата „Ел Интернадо“. Потоа, ѝ се отворија вратите на Холивуд, па стана и Бонд-девојка, а во 2022 година ја играше Мерилин Монро во филмот „Русокоса“ (Blonde), за што доби номинација за Оскар, а глумеше и со Афлек во „Длабока вода“ (Deep Water). Таа постигна забележителна кариера во Холивуд, а ѝ се предвидува уште поголем успех.