Во извонредна спортска атмосфера во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа неизвесен натпревар во кој по голема борба победа славеа гостинските ракометари (27:25).После првото полувреме актуелниот првак во македонската ракометна Суперлига имаше позитива од три голови (16:13). Кај победникот најефикасен беше Хосни со седум голови, а на спротивната страна Орјоникидзе запиша шест.
Се одигра уште еден меч, Куманово како домаќин со 23:21 го совлада Пролет, иако гостите имаа предност на паузата од 12:11. За Куманово прв стрелец беше Димевски со шест гола, а за Пролет Палевски постигна девет. На табелата Еурофарм Пелистер е моментно на втората позиција со 32 бодови, Охрид е на четвртото место со 27, Пролет е седмопласиран со 14, а Куманово е на деветтото место со 10 бодови.