Србија и Северна Македонија имаат долга историја на братски односи, а овој медал е доказ за нашата цврста поврзаност во сите важни области на животот. Му благодарам на претседателот за ова големо одликување, како и на сите кои го поддржуваа мојот труд – моето семејство, пријателите и сите што беа со мене низ годините, изјави македонскиот бизнисмен и почесен конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ. Македонскиот бизнисмен Владимир Стајиќ, почесниот конзул на Србија во Македонија денеска беше одликуван во Белград со Златен медал за извонредни заслуги за негување и зацврстување на пријателските односи меѓу Србија и Македонија. Свечената церемонија на доделување државни награди по повод Денот на државноста се одржа во Палата Србија во Белград, каде одликувањето му беше врачено од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
– Ова одликување претставува потврда и поттик за понатамошно јакнење на соработката и добрососедските односи меѓу нашите народи. Србија и Северна Македонија имаат долга историја на братски односи, а овој медал е доказ за нашата цврста поврзаност во сите важни области на животот. Му благодарам на претседателот за ова големо одликување, како и на сите кои го поддржуваа мојот труд – моето семејство, пријателите и сите што беа со мене низ годините. Оваа награда е дополнителен поттик заедно да продолжиме да работиме на зајакнување на нашите врски и зачувување на заедничките вредности – изјави Стајиќ по одликувањето.