Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и иако анализата не е целосна, може да се оцени дека предизборното ветување на владејачката партија за носење на законите во редовна постапка, досега не е исполнето, односно партијата е недоследна во однос на ова ветување, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Платформа 1198, во однос на носењето закони во Собранието се наведува: Ветување: РЕДОВНА ПОСТАПКА ЗА НОСЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ. Со целосна имплементација на Деловникот за работа на Собранието, редовната постапка за донесување на законите мора да биде правило, а скратената и итна постапка исклучок Во целост ќе ја почитуваме деловничката обврска за задолжително вклучување на експертската и стручната јавност, како и на граѓанските организации во работата на собраниските комисии [Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Предизборна програма 2024(стр 99) – датум: март 2024] Образложение:
Владејачката партија засега не го исполнува ветувањето дадено во предизборната програма за носење на законите доминантно во редовна постапка и со широка јавна расправа. Трендот за носење закони во скратена или итна постапка којшто е значително поголем од оние во редовна, е нешто за што беше критикувана и претпоследната владејачка коалиција на СДСМ и ДУИ во оценските мисиии на ЕУ и во годишните или периодичните извештаи за земјата. Кратка анализа која не нуди целосни податоци, но го покажува соодносот на закони разгледувани во редовна и закони во скратена постапка во дадена временска отсечка од 5,5 месеци, од први 01.09.2024 до 14.09.2025 г. покажува дека во редовна постапка биле понесени 79 текстови на предлог закони, додека во скратена 108 такви документи. Или по скратена постапка за овој период биле разгледани 57,7 отсто од сите разгледани предлог закони. Тука станува збор за сите предлог закони поднесени во сите тела на Собранието, но со прелистување на неколку веб-страници наназад може да се констатира дека најголемиот број поднесени предлог закони по скратена постапка е или од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и министрите на оваа партија или од нивните коалициски партнери, претежно од ВЛЕН.

Меѓу последните такви предлог закони се оние за измена на Законот за пристап до информации од јавен карактер, Законот за Народен правобранител, Законот за работни односи, Законот за поштенски услуги, Законот за патен сообраќај, итн, што само покажува дека и за сложени закони од кои некои се носат и со двотретинско мнозинство, или пак, претходно имало широки расправи во општеството за нивните измени, скратената постапка сè уште е привлечна опција за владејачката партија. Ова на краток рок покажува неисполнетост на ветувањето, иако поради краткиот временски период и на анализата, засега може да добие оценка недоследност, односно недоследен однос кон ветеното. Според студија објавена во 2017 година од самото Собрание (стр.3), во претходниот мандат на Собранието од 2014 г. до 2016 г., над 65 отсто од законите биле разгледувани во скратена или итна постапка, додека во периодот од 2020 до мај 2024 г., 281 од законите биле разгледувани по скратена постапка, а 214 по редовна, што изнесува 56,7 отсто разгледани закони по скратена постапка.


Извор: Новинска агенција МЕТА