Коалицијата за заштита на децата се приклучува на граѓанската иницијатива „Новогодишно пакетче
за подобро здравје и дава отворена поддршка до „Македонското научно здружение за аутизам –
МНЗА“ и здружението „Емоционално здраво детство“ од Скопје, кои на на ден 06.09.2024 г. се обратија до Владата на Република Македонија со барање заведено под бр.11-8365/1 за промена на содржината на Новогодишните пакетчиња со цел да се заштитат децата од прекумерно консумирање на шекери.
Предложено е идеја во пакетчето да има, на пример играчка, сликовница, боенка, тетратка, молив,
книга, прибор за градинка/училиште, боици, пластелин, топка, пинг-понг, комплет за рачни
ракотворби, кит за творечки работи, облека, спортска опрема и додатоци, јаткасти производи, кокос,
додатоци во исхраната како минерали и витамини и/или други добредојдени нешта за децата,
зависно од нивната возраст, а помалку (рафинирани) шеќери, конзерванси и бои. Пакетчето може да биде прилагодено за целната група деца, актуелната ситуација и за детските индивидуални потреби, поединечно. Со ова не само што ќе ги заштитиме децата од пречесто и претерано консумирање шеќери, туку и едукативно ќе делуваме на нивните прехранбени навики. На пример, во пакетчињата за деца со аутизам не смее да има воопшто шеќери и други алергогени прехрамбени производи.
Од Владата се побара да ја прифати и поддржи оваа граѓанска иницијатива на начин што ќе донесе
заклучок, организира кампања по сите медиуми, ги вклучи јавните и државните органи,
претставници од стручната и пошироката јавност, формира тим и донесе акти за содржината на
новогодишното пакетче, и во набавките ја вметне погореспомнатата идеја, меѓутоа никој од Владата
сѐ уште нема одговорено на барањето. Ургираме да се разгледа идејата што беше доставена минатата година и да се експедитира постапката со цел да се заштитат особено најранливите деца.
Со почит,
Коалиција за заштита на децата