Општина Центар информира дека градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа направија акција со патрола низ Центар за да видат каква е состојбата со присуство на малолетници во доцните часови.
„Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но ние доставивме иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена, а позитивно одекна и во јавноста, време е да воведеме ред. Младите вандали кои ја уништуваат урбаната опрема ќе фарбаат клупи, ќе менуваат лулашки, но и ќе ја купуваат опремата којашто ја имаат оштетено”, истакнува Герасимовски. Герасимовски, очекува во најкус можен рок иницијативата да се преточи во закон за да се намалат девијантните појави во општините.
Со почит,
Општина Центар