Иако првиот дел од играта се продава веќе 20 години тоа испадна дека и обезбеди монетарен успех и почитување, бидејќи иницијално кога излезе играта во 2006 година, не беше воопшто добро продавана. Компанијата Capcom најави дека ќе прават втор дел од играта „Оками“. Се работи за игра со Волк, (Оками преведно на Јапонски означува волк) со кој навигирате низ различни нивоа на „духовност“ со јапонска традиционална уметничка естетитка и се борите против лоши митолошки чудовишта. Сето ова ја прави оваа игра уникатна и забавна.
Оваа верзија од трејлерот на Оками со HD графика е направена во 2017 година. Иако првиот дел од играта се продава веќе 20 години тоа испадна дека и обезбеди монетарен успех и почитување, бидејќи иницијално кога излезе играта во 2006 година, не беше воопшто добро продавана. Но со време тоа што вреди излегува на површина, и гејмерите се повеќе ја ценат оваа игра – до степен што компанијата Capcom вкупно досега од оваа игра има заработка од продажби во монетарна вредност од 4,6 милиони долари.
Според интервјуто со Хибарајаши од Capcom за IGN тој вели дека самите играчи со долгогодишното уживање во играва и нејзино вреднување кои сакаат продолжение, им е главната додатна мотивација да одлучи да направи втор дел од играта Оками. Но и самиот вели дека прво треба да го собере тимот на оригиналните девелопери и држачи на авторските права кои се моментално зафатени со работа на други проекти. Тој изјави дека клучните луѓе се оригиналниот режисер на Оками, Хидеоа Каима, кој до неодамна беше зафатен работејќи во студиото Platinum Games и останати ветерани во правењето игри инволвирани во изработката на играта Оками – кои моментално се вработени во Machine Head Works. Многу е добро тоа што истиот тим ќе работи на вториот дел затоа што ќе се пренесе дражот на уметничката вредност на оваа игра како и оригиналниот израз што ја направи првата Оками толку привлечна. Со сигурност може да се рече дека следниот дел на играта „Оками“ ќе биде сработена со јапонска деталност и доследност на голема радост на многу гејмери ширум светот. Извор: Новинска агенција МЕТА