1.8 C
Скопје
17/02/2025 19:22
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Филмски факт: Како Модиљани (не) го победил Пикасо на сликарски натпревар

     

Сторијата на „Модиљани“ е сместена во Париз во 1919 година, и на полубиографски (или, ако сакате, квазибиогарфски) начин ја портретира последната година од животот на италијанскиот сликар и скулптор Амедео Модиљани (Amedeo Clemente Modigliani, 1884-1920). Режисерот на биопикот за сликарот Амадео Модиљани, Мик Дејвис, сепак ја истуркал сопствената верзија, која иако не доби пофални критики (напротив, некои од нив беа дури и отровни) и помина прилично лошо на киноблагајните, сепак го преживеа тестот на времето и сè уште е гледлива, и 20 години по неговата премиера. Анахронизмите во филмот само ја засилуваат сторијата за трагичната судбина на сликарот и галеријата на ликови кои ја испишале историјата на уметноста на минатиот век, пренесува Вистиномер. Пишува: Стојан Синадинов. Што се случува кога некоја мисла на славниот филозоф Хегел ќе залута во писанијата за некој филм? Посебно кога сакате да анализирате филм кој не апсолутно биопик, туку слободна интерпретација на нечија биографија?

   

За почеток на ова издание на „Филмски факт“, Хегеловата максима „ако вистината не одговара на фактите, дотолку полошо за вистината“, совршено му одговара на филмот „Модиљани“ од 2004, во режија на Мик Дејвис, со Енди Гарсија, Елза Зилберстејн, Омид Џалили, Иполит Жирардо, Удо Кир, Петер Капалди, Луј Илер, Ева Херцигова, Дан Астелиану… „Модиљани“ е снимен на локации во Букурешт, Романија, а во филмската екипа е забележлив голем број на романски актери и филмски професионалци на разни креативни позиции.

Сторијата на „Модиљани“ е сместена во Париз во 1919 година, и на полубиографски (или, ако сакате, квазибиогарфски) начин ја портретира последната година од животот на италијанскиот сликар и скулптор Амедео Модиљани (Amedeo Clemente Modigliani, 1884-1920). Фокусот на филмот е трагичната судбина на Модиљани (Гарсија)  и неговата љубов Жан Ибитерн (Зилберстејн), преплетен со конструктивното ривалство на сликарот со неговиот славен колега Пабло Пикасо (Џалили). Амедео е роден во италијанскиот град Ливорно, во еврејско семејство чија лоза се протега до холандскиот филозоф од 17 век Барух Спиноза.

По првичната уметничка наобразба кај роднокрајните мајстори на сликарството, Модиљани во 1906 пристигнува во Париз, но за време на неговиот живот не успеал да ја добие заслужената валоризација на неговото творештво. Децении подоцна сликите на Модиљани беа прогласени за ремек-дела и рушеа рекорди на аукциите и кај галеристите ширум светот. Љубовната врска со Ибитерн, млада и убава француска девојка од строго католичко семејство, најпрвин е крунисана со дете, но огромното противење на семејството на Жан (кои го ѝ одземаат детето и го праќаат на чување во манастир) создава уште поголем притисок врз Амедео и трагичен крај на нивната љубов, која слободно може да се опише како безвременска. Како и да не биде кога името Амедео на италијански јазик е исто што и Амадеус на германизиран латински јазик, односно Богољуб или Теофил на македонски јазик. Амедео Модиљани и Волфганг Амадеус Моцарт имаат фрапантно слична животна судбина. И, патем речено, иако овој избор на „Модиљани“ во рубриката „Филмски факт“ не беше раководен од тој мотив, филмот за несреќниот сликар и неговата трагична љубов е како „измислен“ за денот кога се празнува „Сент Валентајн“. „Модиљани“ ја раскажува таа животно-љубовна сторија низ флешбекови, а во прв план е фокусиран на очајничките напори на Модиљани да успее како сликар (за време на животот продал одвај неколку слики за малку пари), па неформалниот годишен конкурс во Париз, каде што периодот непосредно по Првата светска војна е убедливо најголемата концентрација на генијални уметници. Освен Модиљани и Пикасо, во филмот се присутни сликарите и скулпторите Жан Кокто, Пјер-Огист Реноар, Клод Моне, Диего Ривера, Фрида Кало, Морис Утрило, Макс Жакоб, Хаим Сутин, Морис Кислинг, поетот и влијателен галерист Леополд Зборовски… Галеријата, или подобро речено Пантеонот од ликови, е надополнет и со интелектуалната елита предводена од писателката Гертруда Стејн. Фиктивниот годишен ликовен конкурс во Париз – чиј победник освен примамлива парична награда добива и шанса да изложува во најпрестижните галерии, а неговите слики високи откупни цени – е последната шанса за Модиљани да се извлече од потешкотиите.

За разлика од филмската сторија, фактите од реалноста нудат поинакви информации за тој настан.

Иако на почетокот на филмот дисклејмерот посочува дека сите прикажани слики не се вистински дела на уметници, ликовните критичари сметаат дека Пикасовиот портрет на Модиљани, со кој подоцна славниот уметник учествува на фамозниот конкурс, претставува речиси совршена копија, многу верна на стилот на Пикасо од тој период. Потоа, иако Пикасо во филмот е прикажан како веќе етаблиран сликар на париската сцена, речиси нејзина водечка ѕвезда, фактите велат дека тој ја стекнал таа слава неколку години подоцна. Филмот содржи и намерни историски грешки, односно анахронизми, па така во него се појавува мексиканската сликарка Фрида Кало (позната и по страсната, но турбулентна врска со Диего Ривера): Фрида е родена во 1907, а во филмот кој се случува во 1920 е прикажана како возрасна личност, а не како девојче на 13 годишна возраст, колку што реално имала; со Диего се венчала во 1929. Единствената вистинска слика од реалноста што се појавува на финалниот натпревар е „Парче месо“ („Piece de Boeuf“) на Сутин, која е насликана три години подоцна, во 1923 година. Колку што нема веродостојна историска потврда дека Модиљани и Пикасо биле лути ривали, хрониките велат дека насловниот јунак на филмот негувал блиски пријателски односи со Утрило, Сутин, Ривера, Кислинг, Фуџита, Бранкуси, Шагал и Соуза Кардосо. Во филмот Пикасо го запознава Модиљани со Пјер-Огист Реноар во 1920, а во реалноста Модиљани самоиницијативно го запознал Реноар во 1917 или 1918. Во 1918 Модиљани ја запознал и Жан Ибитерн, а нивната судбинска средба во филмот е лоцирана во 1919. Во една од најромантичните сцени на филмот Модиљани и Жан играат на тактовите на музиката од песната „Живот во розово“ („La Vie en rose“) на славната шансониерка Едит Пјаф; песната сепак е напишана во 1945. Режисерот Дејвис најпрвин му го испратил сценариото на Мартин Скорсезе, со молба тој да биде продуцент. Скорсезе му возвратил дека тоа е едно од најдобрите сценарија што го има прочитано, но го препратил во студиото 20th Century. Од студиото му поставиле два услови за реализација на сценариото: режисер да биде Ал Пачино, текстот да претрпи измени, а главната улога, Модиљани, да ја игра Џони Деп. Дејвис сепак ја истуркал сопствената верзија на филмот, кој иако не доби пофални критики – напротив, некои од нив беа дури и отровни – и помина прилично лошо на киноблагајните, сепак го преживеа тестот на времето и сè уште е гледлив, и 20 години по неговата премиера. А токму 20 години по „Модиљани“ на Дејвис, минатата 2024 година се појави нова биопик верзија за сликарот, во режија на Џони Деп, и со Ал Пачино во една од улогите. Деп ги портретира последните три дена од животот на Модиљани во филмот под наслов „Моди, Три дена на крилото на лудилото“ (Modì, Three Days on the Wing of Madness), со Рикардо Скамарчо во насловната улога, а филмот е снимен на локации во Будимпешта, Унгарија. Извор: Новинска агенција МЕТА

 

Најново

Протест за Фросина во Скопје: „Валкани пари – смртни последици“

Sase Ivanovski

Во РСМ никој не сноси одговорност што со години не се почитува основното право на образование на децата кои го прекршиле законот

Sase Ivanovski

Во Лабораториум се оддржа Државното првенство во друштвената игра „Катан“ организирано од Гоблин

Sase Ivanovski

Европските лидери се собираат во Париз да разговараат за иднината на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Capcom работат на втор дел од играта „Оками“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уставни измени: Таравари со една „песна“ на избори, со друга во Владaта

Sase Ivanovski

ИДСЦС: Поддршката за ЕУ интеграцијата е стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

Sase Ivanovski

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

Sase Ivanovski

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Sase Ivanovski

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Sase Ivanovski

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Sase Ivanovski

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемиот развоен центар на Мајкрософт во Европа се наоѓа во Белград

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СООБРАЌАЕН ХАОС ГО ПАРАЛИЗИРА СЕКОЈДНЕВНО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

АБДУЛ ЈАШАРИ АЛИАС АЛ АЛБАНИ: ДОБИ ПОЗИЦИЈА ВО СИРИСКАТА ВЛАДА, А ОД МАКЕДОНИЈА МУ ГИ СЛЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ И БИЛ ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА СМИЛКОВСКИОТ МАСАКР

Sase Ivanovski

МИЛОШОСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Симболиката да биде дел од европското друштво, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Sase Ivanovski

„НАШАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СТАНА БРИТАНСКА КРАЛИЦА“: Ванковска за Силјановска-Давкова – „се занимава само со претставување на државата дома“

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ, ГЕРАСИМОВСКИ И ТОШКОВСКИ СИНОЌА „ЛОВЕА“ МАЛОЛЕТНИЦИ: Еве која им беше целта

Sase Ivanovski

ДЕЦАТА СЕДАТ СО МОБИЛЕН ВО РАКА КОЛКУ ШТО ТРАЕ РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Како да си организираат продуктивен ден?

Sase Ivanovski

ДЕФИЦИТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА КАСА ДОСТИГНА 840 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Намален е планот за приходи во 2025 година

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ И ПУТИН ЌЕ ГИ ЗДРУЖАТ СИЛИТЕ ЗА ДА ЈА СПАСАТ НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА Американските санкции се погубни за српската економија

Sase Ivanovski

НЕРЕАЛНО Е ДА СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА 1000 ПРОИЗВОДИ! Трговците предлагаат најмногу 200, а маржите да бидат од 3% до 15%

Sase Ivanovski

Бугарија целосно ќе ги забрани „вејповите“

Sase Ivanovski

Нетанјаху ја отфрла можноста со Газа да раководи Хамас или Палестинската самоуправа

Sase Ivanovski

Орбан: Унгарија сака стабилност на Балканот, а Додик придонесува за тоа

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Расчистен случај на трговија со луѓе, одреден притвор за осомничените

Sase Ivanovski

Уапсени двајца охриѓани, краделе во селска црква

Sase Ivanovski

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување од ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промени

Sase Ivanovski

Сијарто: Унгарија е загрижена поради сериозните безбедносни предизвици во Германија

Sase Ivanovski

Разрешувањето на Коцевски утре на владина седница

Sase Ivanovski

Папата Франциск останува во болница, состојбата станува „посложена“

Sase Ivanovski

Кои земји од Западен Балкан имаат најмногу американски санкции: Македонија на четврто место

Sase Ivanovski

Еден потврден случај на шуга во основно училиште во кумановското село Романовце

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата

Sase Ivanovski

ПАРКИНГ НАМЕСТО ПАРК?

Sase Ivanovski

Тоа се приказни за мали деца, вели Галетановски за животните кои наводно се отруле од Свето дрво во ЗОО Скопје

Sase Ivanovski

Рокас: Постои желба на ЕУ да помогне во евроинтегративниот процес на С. Македонија

Sase Ivanovski

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско Романовце

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана, Мисајловски: Македонско – словенечката соработка е пример за сојузништво и меѓусебна доверба

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер во близина на Лисабон

Sase Ivanovski

Со ќотек ја терал сопругата на проституција за да дојде до пари и до дрога

Sase Ivanovski

Уапсен е осомничениот за убиството на сопругата и синот во БиХ

Sase Ivanovski

(Фото галерија) Снегот ги изненади скопјани во февруари, па „лизгаа“ со велосипедите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Sase Ivanovski

Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАТИШТА“ – НОВАТА ПЕСНА НА ЛАЗАРОВ И ТАМАРА ТОДЕВСКА, ЗА СИТЕ БЛИСКИ КОИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ СО НАС

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач, кој со автомобил излетал од патот во битолско

Sase Ivanovski

Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во Гевгелија

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

Сообраќајни несреќи во Скопје поради лизгавите коловози

Sase Ivanovski

Трговците доставија до Владата листа со производи за намалување на маржата

Sase Ivanovski

Перински очекува до летото да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа

Sase Ivanovski

Угинаа пет животни во ЗОО Скопје, има сомнеж дека се oтруле од гранки од Свето дрво!

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИОТ РЕЖИСЕР АНГЕЛ АПОСТОЛСКИ СНИМИ РЕКЛАМИ ЗА СУПЕР БОУЛ

Sase Ivanovski

Се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, нов петти дом за стари лица во Петровец

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

Sase Ivanovski

Деребан: ЈО Коцевски наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, се занимаваше со посредување на спогодби како што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители

Sase Ivanovski

Сенаторот распали кон директорите на Виза и Мастеркард: Со монополското здружување им ја дерете кожата на малите бизниси!

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Sase Ivanovski

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси 13 година нема изборно соочување на телевизија или ТВ дебата со вистински политички противници

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Sase Ivanovski

Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра Катан (Catan). Тој ќе нѐ претставува на претсотјното Светско првенство во Штутгарт, Германија (4-6 април).

Sase Ivanovski

АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА 2024 „Преку-граничната е-трговија – неискористен потенцијал за Македонија и Балканот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Грбот треба да ги отсликува и претставува чувствата на сите граѓани

Sase Ivanovski

‘Сите заедно за почист воздух’ координирана акција на Министерството за животна средина со ЗЕЛС за собирање кабаст отпад и градежен шут

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубица Иванова: Што е дигитален отпечаток?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ со конкретни законски решенија за поевтина струја и пониски цени за граѓаните

Sase Ivanovski

МЗСВ, Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Фатмир Битиќи: Секој ден поскап живот – СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Демократско Движење на Изет Меџити ја пренесува победничката атмосфера на Чаир во Сарај

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи: Намалувањето на ДДВ за струја веднаш ќе донесе помали сметки за 600.000 домаќинства

Sase Ivanovski

Здружението Икуалити, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, го одржа последниот 5. Менторски форум во Општина Струмица

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ ПО ПОВОД 17 ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИНОСТА НА КОСОВО

Sase Ivanovski
Вчитувам....