Професор доктор Иван Барбов долгогодишен невролог специјалист, денеска е разрешен од раководител на одделението за невромускулни заболувања на државната Клиника за неврологија и поставен за обичен невролог на оддел за паркинсонова болест од страна на директорот и поранешен министер за здравство Фатмир Меџити, пишува Слободен печат.
Доктор Барбов одбил да го прими решението за прераспределување после што му било кажано дека ќе се објави на огласна табла. Тој смета дека е понижувачки и за струката и за пациентите тоа што ќе биде отстранет од оддел за кој е стручен и ќе биде прераспределен во оддел каде никогаш не работел со материја што исто така никогаш не ја работел. На одделот каде Барбов бил раководител, се третираат пациенти со невромускулни и ретки болести и бара голема стручност. Професорот за „Слободен печат“ тврди дека изминатиот период е предмет на бројни притисоци, а имало покренато и дисциплинска постапка непосредно пред да биде разрешен.