СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, се вели во полицискиот билтен.
Жена(64) од Куманово била измамена да даде 30.000 евра од лице од Република Бугарија кое ја лажело дека нејзината ќерка усмртила дете-мигрант и дека мора да ги плати пари за ќерка ѝ да биде пуштена на слобода. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, се вели во полицискиот билтен. Измамата се случила на 31 јануари во Куманово.