-0.6 C
Скопје
18/02/2025 05:00
МАКТЕЛ

   

GO TRUMP

     

Насловот, се разбира е циничен, но не сосема во контекстот кој ќе се обидам да го објаснам во редовите што следат. Летото 2016 одекна веста дека Демократите го избраа својот против кандидат на Трамп и тоа, на големо разочарување на левицата во светот, беше Хилари Клинтон, наместо „нашиот“ кандидат Берни Сандерс за кого бевме (барем јас) сигурни дека победува, не само на демократската конвенција како официјално номиниран кандидат туку и потоа, на претседателските избори. Бевме возбудени дека светот е на прагот на нова епоха. Но, се случи тоа што се случи, Берни беше „пренесен жеден преку вода“, а левицата ширум светот доби „ладен туш“, бесплатно.

Тој меѓу-период, помеѓу официјалното кандидирање на Хилари и денот на изборите, го одбележа изјавата на „најопасниот филозоф на западот“, како што го најавуваа, Славој Жижек. Во едно интервју или негов текст, не се сеќавам точно, тој кажа дека доколку би бил Американец би гласал за Трамп. Следуваше канонада напади од лево, па и кенселирање на Жижек од страна на добар дел од јавноста во левиот кампус, иако таа несреќна изјава беше дадена во строго ограничен контекст.

   

Жижек сметаше дека изборот на Трамп, како таков, ќе ја разбуди и извлече левицата од салоните и ќе ја однесе таму каде што треба да биде, на терен, во борба „гради в гради“ со алт-десницата, но и со мејнстрим партиите од десно, центар и лево, претставниците на таканаречената корпоративна Америка. Борба за секој гласач. Трамп победи и заврши еден мандат, проследен со мал милион шокантни лапсузи, (особено „славен“ денот на Бајденовата инаугурација и упадот на неговите поддржувачи во Капитол Хил, директно нахушкани од него лично, неколку часа претходно од протестна говорница).

Како колатерална корист од таа ера, не само од неговото претседателствување, туку од обзнанувањето на неговата кандидатура од страна на републиканците, беше популаризирањето, до ниво на мејнстрим, на движењето „Демократски социјалисти“, предводено од Берни Сандерс. Тоа, всушност, беше контекстот на онаа несреќна изјава на Жижек. Внимавајте, „Демократските социјалисти“ станаа мејнстрим во Америка, во земјата во која поимот „социјализам“ е малтене табу, смртна закана за нивното поимање за слобода и демократија. Лесно е да бидеш социјалист во Европа, во Америка да се декларираш како социјалист е како небаре да си се декларирал за симпатизер на СС, дури и полошо. Каков еманципаторски пресврт! Влегувањето на Трамп во политиката беше тригерот за тоа да се случи.

Во меѓувреме демократите повторно го „превеслаа“ Берни „жеден преку вода“, го кандидираа Бајден наместо Сандерс во битка со Трамп, битка која беше скоро извесно дека ќе ја добијат. „Корпоративна Америка“ смртно се исплаши од Берни, иако неговите идеи воопшто не беа радикални, туку сосема умерени. Берни се залагаше, и сè уште се залага за, на некој начин, европеизирање на Америка, во смисла на воведување на т.н. држава на благосостојба: бесплатно или барем достапно образование и здравство за сите, како и останатите аспекти на она што се нарекува „социјална држава“, нешто што западна Европа го ужива пола век.

Заврши и мандатот на Бајден, мандат кој го одбележаа две војни кои сè уште траат. Демократите пак, направија невидени лапсузи околу нивниот кандидат: откако видоа дека Бајден катастрофално го загуби првиот телевизиски дуел со ново-стариот кандидат на републиканците, Трамп, кој пак претходно спектакуларно го најави својот камбек, набрзина, без претходна длабинска подготовка, за да ја поправат штетата колку-толку, ја кандидираа потпретседателката Камала Харис. И поминаа како што поминаа. Трамп се врати на врвот на светската политика. И уште од првиот ден го шокираше светот со своите извршни одредби потпишани со оној фамозен фломастер.

Следеа серија обвинувања за неетичност и судир на интереси, особено кон на неговиот главен донатор, претседателот во сенка, тек гигантот и најбогат човек во светот Илон Маск, но и кон самиот Трамп (од неодамна почнав да го следам крипто светот, луѓе мои, таму не се знае крчмарот, Трамп со свои коини и токени е директно или индиректно вмешан, преку своите синови) Но, сепак, упадлив е двојниот стандард, особено кај лево-либералните кругови. Судир на интереси не е ништо ново во американската политика. Дик Чејни, еден друг претседател во сенка, имаше милионски бизниси од војната во Ирак, самиот Џо Бајден, неколку недели пред истекот на мандатот си го помилува сопствениот син, обвинет за корупција, вест која незабележано помина во лево-либералната јавност иако претставува еклатантен акт на корупција итн.

Она по што Трамп е карактеристичен е неговата бруталност и бахатост која најубаво се приметува во неговата реторика со која ја срози пристојноста во јавниот говор. И неговиот презир кон демократијата. Она што неговиот идеолог од првиот мандат, Стив Бенон го правеше и сè yште го прави, воспоставувајќи мрежа за поддршка на антидемократските партии и движења во Европа, некои од нив директно поврзани со Кремељ, денес го продолжува Илон Маск.

Овде доаѓам до моментот клучен за мојот контекст од насловот: настапот на потпретседателот Венс на безбедносната конференција во Минхен, во кој како гостин, во стил својствен на неговиот шеф, ги обвини европските лидери за отстапување од вредностите што номинално ЕУ и САД ги делат, демократија, слободни избори итн.

Ова и претходните изјави и извршни одредби на Трамп, за тоа дека не е изклучена можноста за повлекување на Америка од НАТО, повлекувањето од светската здравствена организација како и парискиот климатски договор, како да ја запалија (конечно!) црвената сијаличка во Европа и Макрон веднаш свика вонреден состанок на лидерите на земјите членки.

Неколку денови по ред се слушаат гласови за потреба од заедничка европска војска, заедничка европска надворешна политика. Трамп ги извади старите федерални идеи кои беа турнати под тепих од страна на европските политичари, поради се посилниот замав на популистичката десница, чии основни идеи се во спротивен правец, враќање на суверенитетот и јакнење на националните држави.

Сметам дека проектот Европска федерација, или Соединетите европски држави, како сакате наречете го, треба да биде идеја водилка на сите прогресивни европејци. Како од еманципаторски, така и од реал политички аспект. Европските нации-држави, водени од свои, егоистични интереси, на глобалната сцена се сè помалку релевантни, со самиoт факт што се судираат со глобални џинови: САД, Кина, во блиска иднина и Индија, но и Русија, пред се поради нуклеарниот потенцијал. Доказ за тоа е дека се планира самид Трамп-Путин, за Украина, на кој Кина се нуди како домаќин. Ќе се носат одлуки за судбината на Европа без учество на ниеден нејзин претставник.

Живееме во турбулентни времиња во кои се забрзано се менува геополитиката во реално време, пред нашите очи. Време е европските мејнстрим партии да се обединат околу оваа идеја која треба да им биде приоритет. Прво да ја реформираат унијата и да го променат тој фамозен принцип на консензус, кој теоретски е врвен демократски принцип, но во пракса се покажува неефикасен до ниво на дисфункционалност. А потоа да сковаат долгогодишна стратегија за реализација, чекор по чекор. Ќе биде ли Трамп, парадоксално, катализатор на овој процес? Оптимистите велат, да.

Кирил Арсов

 

Најново

МИЛИОНИ „МРТВИ ДУШИ“ ВО САД ДОБИВААТ СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ?! Илон Маск тврди дека ова е „можеби најголемата измама во историјата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Желка 10 години живеела закопана под куќа: Биолог објасни како успеала да преживее во овие услови

Sase Ivanovski

Словенка со три деца во кола сакала да внесе 23 килограми кокаин и пиштоли во Србија

Sase Ivanovski

Едно пиво или ракија – што е добро за здравјето?

Sase Ivanovski

Тренчевска: Владата на ДПМНЕ ги остави најранливите без помош за енергија!

Sase Ivanovski

Шукова: Власта не реагира со мерки, СДСМ нуди решенија за намалување на цените

Sase Ivanovski

Проф. д-р Андреја Арсовски од Килника Жан Митрев: При појава на проширени вени, пациентите треба што побргу да консултираат лекар

Sase Ivanovski

Во стоматолошкиот центар при клиниката Жан Митрев достапни се најнови технологии и иновативни методи од областа на ендодонција, ортодонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија

Sase Ivanovski

Илон Маск со таинствена порака откако писателката објави дека родила негово дете

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансродовата ќерка на Илон Маск, за која тој вели дека ја убил вирус, објави понижувачко видео откако дозна дека татко ѝ добил 13-то дете

Sase Ivanovski

Рубио слета во Ријад, на средбата со Лавров: Ќе „опипува“ колку се сериозни Русите за договорот за Украина

Sase Ivanovski

Петровска: Се запечати најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, гласаа против Законот за бранителите

Sase Ivanovski

Ќе запре снегот, ама ќе дојде сериозен студ – УХМР ја најавува следната промена на времето

Sase Ivanovski

ИМ НАШЛЕ ВОЗДУШНИ ПУШКИ, СИГНАЛЕН ПИШТОЛ И МУНИЦИЈА Кривични пријави за двe лица од кавадаречко

Sase Ivanovski

59-ГОДИШЕН БУГАРИН МАМЕЛ ЖРТВИ СО ЛАЖНИ НЕСРЕЌИ Полицијата разоткри шема во Куманово

Sase Ivanovski

ИЗМАМА ТЕШКА 30.000 ЕВРА ВО КУМАНОВО Бугарин лажел жена дека ќерка ѝ убила дете-мигрант

Sase Ivanovski

Палестински затвореник: Израелците не мачеа и изгладнуваа секој ден

Sase Ivanovski

Србија: Подготвени сме да бидеме домаќини на преговорите за Украина

Sase Ivanovski

По 1.000 денари субвенции на сметките за струја за најзагрозените, поддршката ќе престане доколку не се платат две сметки

Sase Ivanovski

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада

Sase Ivanovski

Меџити разрешил професор и специјалист по неврологија од раководител и го постави на оддел каде никогаш не работел

Sase Ivanovski

Сопруг ја горел сопругата со цигари, ја принудувал на секс со трети лица за што добивал пари и дрога

Sase Ivanovski

Макрон разговараше со Трамп пред состанокот во Париз

Sase Ivanovski

Европските лидери пристигнаа во Париз на самитот за Украина

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Мисајловски се сретна со претседателката Пирц Мусар, доделени признанија за словенечкиот контингент кој помогна во справувањето со пожарите на македонска територија минатото лето

Sase Ivanovski

ДОМ: Не за промена на државниот грб

Sase Ivanovski

Протест за Фросина во Скопје: „Валкани пари – смртни последици“

Sase Ivanovski

Во РСМ никој не сноси одговорност што со години не се почитува основното право на образование на децата кои го прекршиле законот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Како Модиљани (не) го победил Пикасо на сликарски натпревар

Sase Ivanovski

Во Лабораториум се оддржа Државното првенство во друштвената игра „Катан“ организирано од Гоблин

Sase Ivanovski

Европските лидери се собираат во Париз да разговараат за иднината на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Capcom работат на втор дел од играта „Оками“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Уставни измени: Таравари со една „песна“ на избори, со друга во Владaта

Sase Ivanovski

ИДСЦС: Поддршката за ЕУ интеграцијата е стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

Sase Ivanovski

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

Sase Ivanovski

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Sase Ivanovski

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Sase Ivanovski

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Sase Ivanovski

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемиот развоен центар на Мајкрософт во Европа се наоѓа во Белград

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СООБРАЌАЕН ХАОС ГО ПАРАЛИЗИРА СЕКОЈДНЕВНО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

АБДУЛ ЈАШАРИ АЛИАС АЛ АЛБАНИ: ДОБИ ПОЗИЦИЈА ВО СИРИСКАТА ВЛАДА, А ОД МАКЕДОНИЈА МУ ГИ СЛЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ И БИЛ ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА СМИЛКОВСКИОТ МАСАКР

Sase Ivanovski

МИЛОШОСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Симболиката да биде дел од европското друштво, а не во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Sase Ivanovski

„НАШАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СТАНА БРИТАНСКА КРАЛИЦА“: Ванковска за Силјановска-Давкова – „се занимава само со претставување на државата дома“

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ, ГЕРАСИМОВСКИ И ТОШКОВСКИ СИНОЌА „ЛОВЕА“ МАЛОЛЕТНИЦИ: Еве која им беше целта

Sase Ivanovski

ДЕЦАТА СЕДАТ СО МОБИЛЕН ВО РАКА КОЛКУ ШТО ТРАЕ РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Како да си организираат продуктивен ден?

Sase Ivanovski

ДЕФИЦИТОТ ВО АМЕРИКАНСКАТА КАСА ДОСТИГНА 840 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Намален е планот за приходи во 2025 година

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ И ПУТИН ЌЕ ГИ ЗДРУЖАТ СИЛИТЕ ЗА ДА ЈА СПАСАТ НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА Американските санкции се погубни за српската економија

Sase Ivanovski

НЕРЕАЛНО Е ДА СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА 1000 ПРОИЗВОДИ! Трговците предлагаат најмногу 200, а маржите да бидат од 3% до 15%

Sase Ivanovski

Бугарија целосно ќе ги забрани „вејповите“

Sase Ivanovski

Нетанјаху ја отфрла можноста со Газа да раководи Хамас или Палестинската самоуправа

Sase Ivanovski

Орбан: Унгарија сака стабилност на Балканот, а Додик придонесува за тоа

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Расчистен случај на трговија со луѓе, одреден притвор за осомничените

Sase Ivanovski

Уапсени двајца охриѓани, краделе во селска црква

Sase Ivanovski

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување од ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Демократското движење не е само политичка партија, туку движечка сила која ги носи промени

Sase Ivanovski

Сијарто: Унгарија е загрижена поради сериозните безбедносни предизвици во Германија

Sase Ivanovski

Разрешувањето на Коцевски утре на владина седница

Sase Ivanovski

Папата Франциск останува во болница, состојбата станува „посложена“

Sase Ivanovski

Кои земји од Западен Балкан имаат најмногу американски санкции: Македонија на четврто место

Sase Ivanovski

Еден потврден случај на шуга во основно училиште во кумановското село Романовце

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата

Sase Ivanovski

ПАРКИНГ НАМЕСТО ПАРК?

Sase Ivanovski

Тоа се приказни за мали деца, вели Галетановски за животните кои наводно се отруле од Свето дрво во ЗОО Скопје

Sase Ivanovski

Рокас: Постои желба на ЕУ да помогне во евроинтегративниот процес на С. Македонија

Sase Ivanovski

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско Романовце

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана, Мисајловски: Македонско – словенечката соработка е пример за сојузништво и меѓусебна доверба

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер во близина на Лисабон

Sase Ivanovski

Со ќотек ја терал сопругата на проституција за да дојде до пари и до дрога

Sase Ivanovski

Уапсен е осомничениот за убиството на сопругата и синот во БиХ

Sase Ivanovski

(Фото галерија) Снегот ги изненади скопјани во февруари, па „лизгаа“ со велосипедите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Sase Ivanovski

Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАТИШТА“ – НОВАТА ПЕСНА НА ЛАЗАРОВ И ТАМАРА ТОДЕВСКА, ЗА СИТЕ БЛИСКИ КОИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ СО НАС

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач, кој со автомобил излетал од патот во битолско

Sase Ivanovski

Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во Гевгелија

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

Сообраќајни несреќи во Скопје поради лизгавите коловози

Sase Ivanovski

Трговците доставија до Владата листа со производи за намалување на маржата

Sase Ivanovski
Вчитувам....