Царинските службеници од мобилната единица Вуковар соопштија дека на граничниот премин Бајаково меѓу Србија и Хрватска спречиле шверц на 22,7 килограми кокаин и два пиштола. Дрогата и пиштолите биле откриени во автомобил кој го возела 39-годишна Словенка, а на задното седиште седеле три деца, јавија хрватските медиуми.
„На 15 февруари, на граничниот премин Бајаково, царински службеници на Подрачната единица – служби за мобилни единици Вуковар одвоиле на преглед лично возило со словенечки регистарски таблички управувано од државјанка на Република Словенија, со три малолетни деца. При детален преглед на возилото, во специјално подготвени скривалишта биле откриени два пиштоли „глок“, пет шаржери со куршуми и 22.724 килограми кокаин“, соопшти хрватската царина.
Понатамошната постапка е преземена од полициски службеници од надлежната полициска управа и од државата