Жена од скопската населба Кисела Вода вчера пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, со кого се во процес на развод, ја нападнал и ѝ го скршил телефонот, соопшти полицијата.
„На 16.02.2025 во 18:38 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг А.Ј., со кого е во бракоразводна постапка, физички ја нападнал и ѝ го скршил телефонот“, велат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.