СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП ВО КУМАНОВО.
Денес во Занатски дом во Куманово се одржа 13тата седница на Централниот одбор на НСДП.
На седницата членовите на Централниот одбор дискутираа за актуелната политичка состојба во државата и позиционирањето на партијата по сите важни прашања за граѓаните и државата.
НСДП ги отпочнува активностите за подготовка и учеството на партијата на претстојните локални избори.
Партијата преку теренски посети на општините, на општинските организации ќе ги слушне потребите на граѓаните, на симпатизерите и членовите и во процес на внатрешна селекција да понуди најприфатлива кадровска понуда за кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и градот Скопје, како и програма со која ќе излезе на изборите. Централниот одбор на предлог на претседателот избра три нови членови на Извршниот одбор на партијата и тоа: Иван Трајковски од младината на НСДП, Маја Стојковска, актуелен член на Советот на општина Ѓорче Петров и Влатко Ристовски, член на Советот на општина Крива Паланка.