февруари 2025 #🇲🇰 Колку се ефикасни двата регулатори на паркингот низ општина Центар и низ градот Скопје? Побаравме од нив да ни одговорат колку возила подигнале за една година и колку пари завршиле во касата на претпријатијата од оваа активност.
Од ЈП „Градски паркинг“ не добивме никаков одговор, но според последните три тримесечни извештаи за работата на претпријатието кои се достапни за јавноста, Пајак-службата на ова претпријатие од 1 април до 31 декември минатата година на територија на Скопје подигнала вкупно 11.734 возила, што возачите на овие автомобили ги чинело вкупно 20.3 милиони денари или околу 330 илјади евра, во просек по околу 1.700 денари од возило. „Градски паркинг“ со своите осум „пајаци“ кои работат на целата територија низ Скопје, претходната, 2023 година, подигнале 15.339 возила со што е остварен годишен приход од 27,8 милиони денари.
View this post on Instagram