МАКТЕЛ

   

Спречете ја евтинфлацијата – тоа е во интерес и на граѓаните, но и на трговците!

     

Цените на поевтините производи за широка потрошувачка повеќе растат од цените на поскапите. Така инфлацијата посилно удира по посиромашните. Тоа е феноменот наречен евтинфлација (cheapflation). Затоа треба конечно да престане оваа хистерија на постојани генерални ограничувања на маржите и на цените и да се прифати предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива. Наместо тоа, сопствениците на маркетите треба самикте да препознаат дека саморегулацијата е и нивен интерес.

Би сакал сосема накусо да објаснам зошто предлогот на маркетите до Владата – наместо да им се ограничат маржите на сите производи линеарно за 10%, да се разговара за листа на основни прехранбени производи за кои маржите би паднале дури и на 3% – е вистинската насока за излез од хистеријата, во голема мера подгреана од медиумите, во која се препелкаме цели две, ако не и повеќе години. Ова не би било „мерка“ или договор со ограничено траење од еден месец, како што се предлага, туку тенденција од подолгорочен карактер во насока на стабилизација на пазарот и соборување на инфлацијата.

Најпрво, должам објаснување за кованицата од насловот, која за прв пат е во печат на македонски јазик. Ако ме прашате дали самиот сум ја смислил или некој ми ја кажал ќе ви одговорам дека, сепак, не сум оригинален овој пат. Единствено што направив е да го преведам од англиски зборот „cheapflation“ (евтино+инфлација), кој некои автори го лансираа неодамна, како објаснување на еден феномен забележан глобално, во бројните манифестации на злото наречено инфлација. По дефиниција, инфлација имаме кога во економијата има општ раст на цените, со што се намалува куповната моќ на парите. Лицата чиишто доходи воопшто, или бавно се приспособуваат за да го следат растот на цените, осиромашуваат побрзо од поимашните.

   

Е сега, кој е новиот феномен, објаснет од британски економисти (Чен, Ливел и О’Конел) во минатата година, со анализа на движењето на цените во малопродажба во Велика Британија? Анализата е направена и за други земји. Се испоставило дека цените на поевтините производи во дадени категории пораснале значително повеќе од поскапите примероци од истиот вид во маркетите. Со ова значително се погодени посиромашните слоеви од населението. Згора на тоа и фактот што и цените на храната, која пропорционално зафаќа значителен дел од нивниот расположлив доход, растеа со побрзо темпо од просечниот раст на цените.

Еве неколку примери: посиромашните граѓани секако дека не одат неиспрани, но за тоа во маркетите избираат поевтин детергент. Штедат на цените на средствата за лична хигиена, вклучително и орална. Ги купуваат поевтините шампони, течен сапун, паста за заби и слично. Од храната купуваат поевтини видови леб, ориз, тестенини… Податоците од Белика Британија покажуваат дека во 2022 година, кога инфлацијата насекаде го беше достигнала својот врв, токму цените на поевтините производи пораснале значително повеќе од поскапите производи во иста категорија.

Кавало и Кривстов (2024) пресметале дека во периодот од третиот квартал од 2021 година до третиот квартал 2023 година, цените на поевтините производи во иста категорија пораснале за 34%, а тие на поскапите за 18% – значи, двојно повеќе! Економистите нудат повеќе објаснувања за феноменот евтинфлација, со термини кои се туѓи за пошироката читателска публика. Моето објаснување, кое се заснова на верувањето дека пазарот секогаш и секому му го возвраќа ударот, е како што следи.

За време и по пандемијата на ковид-19, низа професии и вработени чиишто примања беа претходно потценети, се виде дека се сепак „есенцијални“ во дадените околности. Станува збор за работни места за кои не е потребно високо образование, во сектори како што се туризмот и угостителството, здравството, одржувањето на домовите, градежништвото и низа услужни дејности. Не беше никаков алтруизам, емпатија кон нив или нешто слично, туку едноставна пазарна логика, тоа што нивните примања, а со тоа и нивната куповна моќ, значително пораснаа, вклучително и како резултат на ад хок зголемувањето на минималната плата. Секако, ова претставуваше добар развој на настаните, во смисла на намалување на нееднаквоста во доходите. Но, „проклетиот“ пазар си дошол по своето. Зголемената куповна моќ на овие слоеви население, кои традиционално своите потреби ги задоволуваа со поевтини производи, предизвика пораст на цените токму кај оваа класа производи.

Оттаму, зборуваме за евтинфлација (инфлација во цените на традиционално поевтините производи). Со ова нееднаквоста во распределбата на доходите повторно се продлабочува. И затоа велам дека е добар предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива и за тоа нема никаква законска ниту морална основа. Нема ниту потреба!

Треба да бидеме свесни за уште една работа. Трговските синџири се бизниси кои дејствуваат врз основа на пазарната логика. Тие не се социјални установи. Со нив, во името на сопствениците-акционери, раководат платени менаџери чијашто судбина е поврзана со нивната успешност во зголемувањето на приходот и на профитот на инвеститорите. Секоја деловна година тие ја започнуваат со строго утвредени таргети за перформансите, кои не им даваат мирен сон.

Ако е така, ќе го послушаат ли советот, овој пат дури и по сопствена иницијатива, да започнат со намалување на цените на стоките за широка потрошувачка, кои ги купуваат нивните верни купувачи со пониски доходи, не само за еден месец, туку како генерална тенденција? Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен. Но, не треба да им се лутиме што ова ќе го направат со зголемување на цените на други производи со повисоки цени, преку еден вид „вкрстени субвенции“. Само на овој начин може да се помири „општествената одговорност“ со пазарната логика! Имаме неповторлива шанса феноменот евтинфлација да го испратиме во заборав.

 

Најново

Фејми Даут од оскаровското платно во 2020 со филмот „Медена земја“, сега стапна на Антарктикот да снима документарец за истражувачката експедиција

Sase Ivanovski

Се пролонгира изградбата на првата современа депонија кај светниколското село Мечкуевци, која ќе опслужува околу 370.000 жители од Источниот и Североисточниот регион

Sase Ivanovski

Во Занатски дом во Куманово се одржа 13-тата седница на Централниот одбор на НСДП

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски беше дел од најкорумпираната власт која ја ограби државата, а кога му се закануваше апсење направи упад во ЈО

Sase Ivanovski

Книгата во која уште во 1949-та се предвиде вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Спасовски: Власта нема план како да им помогне на граѓаните, па прави дефокус со менување на грбот

Sase Ivanovski

Битиќи: За намалување на цените до 30% владата треба да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ

Sase Ivanovski

СДСМ: Укинување на ДДВ за храна ќе донесе намалување на цените веднаш и заштеда до 2.000 денари месечно за граѓаните

Sase Ivanovski

Претрес во кичевско, пронајдено оружје

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе има надзорна расправа која ќе ги повика на одговорност сите инволвирани кои во изминатиот период не направиле ништо за аерозагадувањето

Sase Ivanovski

Трамп „веројатно“ ќе се сретне со Путин до крајот на месецов

Sase Ivanovski

Татко и син тепале полицајци во Прилеп, добија кривична пријава

Sase Ivanovski

Обвинети газдите на крипто-фирма во Хрватска, измамиле 220 луѓе за 4,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Сијарто: Добрите односи меѓу САД и Русија се во корист на светската безбедност

Sase Ivanovski

Меџити вели дека државната химна може да има поинаков текст или воопшто да нема текст

Sase Ivanovski

Ужас кај Цирих – пензионер по потекло од Хрватска си ги убил сопругата и ќерката

Sase Ivanovski

Идиотските планови на Америка за Газа ќе бидат залудни, вели ајатолахот Хамнеи

Sase Ivanovski

Над 50 милијарди долари ќе бидат потребни за обновата на Газа, велат ЕУ, ОН и Светската банка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска-Трпков, омилените судии на СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Бразил потврди, се приклучува кон групата ОПЕК+

Sase Ivanovski

Откажани повеќе летови од аеродромот во Истанбул

Sase Ivanovski

Данска утре ќе го објави планот за повторно вооружување

Sase Ivanovski

„Блумберг“: Салман барал и Зеленски да учествува на историскиот состанок, САД и Русија одбиле

Sase Ivanovski

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните

Sase Ivanovski

Власта дефокусира со грбот зашто не знае како да им помогне на граѓаните, вели Спасовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андоновиќ: Договор за мир во Украина или обнова на билатералните односи? САД и Русија преговараат без Зеленски

Sase Ivanovski

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша”

Sase Ivanovski

Повеќе од 100 мигранти уапсени во близина на Крит

Sase Ivanovski

Директорот на Фондот за ПИОМ Мемов се сретна со претставници на Мисијата на ММФ

Sase Ivanovski

„Најдобриот светски наставник“ за српските студенти: Ги интересира само пиење, секс и дрога

Sase Ivanovski

Гвардиола: Нашите шанси за победа на Бернабеу се многу мали

Sase Ivanovski

Анчелоти за судењето во ЛШ: Во Европа има помалку контроверзии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Феенорд го исфрли Милан за осминафинале во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Пакистанската армија: 30 исламистички милитанти се убиени во близина на границата со Авганистан

Sase Ivanovski

Најпознатиот сексуален предатор го тужи својот брат за „финансиска имама“: Тврди дека му одзел 45 милиони долари!

Sase Ivanovski

Териториите и безбедносните гаранции ќе бидат сржта на разговорите за Украина, вели Волц

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на турнирот во Доха

Sase Ivanovski

Битиќи: Ако Владата ги прифати нашите предлози за понизок ДДВ, цените ќе се намалат за 30%

Sase Ivanovski

ОН: Повеќе од милион луѓе се вратија во своите домови во Сирија

Sase Ivanovski

Штипјанец фатен како краде во куќа, го нападнал домаќинот и избегал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Србија – воз налета на автомобил

Sase Ivanovski

Јапонската влада го усвои енергетскиот план за следните 15 години

Sase Ivanovski

СДСМ се огради од Костадинов за „родовата идеологија“: Тоа не се официјални ставови на партијата

Sase Ivanovski

Петар Богоевски: Почитувани пријатели, со длабока тага ја примивме веста за смртта на госпоѓа Дафина Трајковска, носител на признание на МК – МАЈКА НА НАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја ограничи маржата за 1.000 производи, МВР со нов мултимедијален центар за обука

Sase Ivanovski

Реакција од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова по повод соопштението на политичката партија Демократска унија за интеграција, објавено на 18 февруари 2025 година

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пронајден е антички „град на мртвите“ стар 3.000 години: Совршено е сочуван

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Џесика Алба му покажа на поранешниот сопруг што изгубил: А со објавата од одморот во Мексико го „докрајчи“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Се ожени Шаби: Македонскиот одбојкарски репрезентативец ја круниса љубовта со Меги

Sase Ivanovski

Исчезна Меланија Трамп: Никој не ја видел првата дама 23 дена, откриено што се случува меѓу неа и Доналд

Sase Ivanovski

Потресно сведоштво на пациентка на Онкологија: „Засрамете се сите, без разлика на партија!“

Sase Ivanovski

Страшна трагедија кај Дубровник: Карпа се струполи врз комбе, загина еден човек

Sase Ivanovski

Ројтерс: Франција утре ќе одржи нов состанок за Украина, ќе учествува и Канада

Sase Ivanovski

„Вреди“ обвини поранешен функционер на ДУИ дека се пишал Македонец за да се вработи

Sase Ivanovski

Касами: Груби е виновен за гужвите на „Блаце“, поради него е зголемена контролата

Sase Ivanovski

Владата го разгледа мислењето за Коцевски, официјално ја задолжи Правда да изготви предлог за разрешување

Sase Ivanovski

Ројтерс: Kако Русите ја поткопуваат поддршката за Украина преку изложба на фотографии со мртви деца во Германија

Sase Ivanovski

Штипски обвинител влезе во Вишото скопско обвинителство, барал докази по пријавите за мобинг и злоупотреби од доскорешниот шеф Хајрулахи

Sase Ivanovski

Васко Наумовски сликовит: Американците ја готват вечерата, Европјаните ги мијат чиниите

Sase Ivanovski

Руските медиуми се радуваат по разговорите во Ријад: „Европа е во состојба на шок и ужас“

Sase Ivanovski

Густа магла на патот Тетово-Попова Шапка

Sase Ivanovski

Безбедносна ситуација е „полоша од студената војна“, констатира данската премиерка Фредериксен

Sase Ivanovski

Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи, вели претседателката откако ДУИ тврдеше дека не честитала

Sase Ivanovski

Европските лидери разединети околу распоредувањето мировници во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ остро „врти десно“, објави од Струмица Костадинов: „Жената на прво место, родот тргнат!“

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 5 степени во близина на Пелопонез

Sase Ivanovski

Дозволите за престој се издаваат по принципот „турни ме да кинисам“

Sase Ivanovski

За една година „внатрешниот долг“ зголемен за 217 милиони евра, 38% отпаѓа на три државни фирми

Sase Ivanovski

Герила акција на Машинскиот факултет: Форумот за образовни промени побара отстранување на Кочо Анѓушев од работа

Sase Ivanovski

Антикорупциска: Продолжува постапката за предметот со патувањето на функционерите во Вашингтон

Sase Ivanovski

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Sase Ivanovski

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ПО СОСТАНОКОТ ВО ПАРИЗ: УКРАИНА ТРЕБА ДА ДОБИЕ СИЛА ЗА ПРАВЕДЕН МИР СО ПОЧИТУВАЊЕ НА СУВЕРЕНИТЕТОТ И ТЕРОТИРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, ЕВРОПА МОРА НАГЛО ДА ЈА ПОДОБРИ СВОЈАТА БЕЗБЕДБНОСТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Sase Ivanovski

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Неврологот Барбов тврди дека се води хајка против него – молк од надлежните за негова прераспределба

Sase Ivanovski

Национална опера и балет: Медиумските написи кои информираат за наводно укинување на попустот за студентите при купување билети за претставите во Националната опера и балет, сакаме да ја информираме јавноста дека овие информации СЕ НЕТОЧНИ И НЕОСНОВАНИ.

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Средба на пратеникот Апасиев со претставници на раководството на Сојузот на синдикати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влада на Република Северна Македонија, Митева: Владата го разгледа мислењето од МП, го задолжи да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител кое Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Скандалозно – Валмир Азири го продаде албанскиот идентитет за работно место Почитувани медиуми,

Sase Ivanovski
Вчитувам....