Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од сограѓанин, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 14.05 часот во ОВР Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години, градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и преку телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот – појаснија од СВР Велес.