Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради сложена респираторна инфекција, нема да учествува на настаните поврзани со католичката света година закажани за викендот, соопшти денеска Ватикан. Соопштено е дека јавната папска аудиенција што требаше да се одржи во сабота е откажана поради лошата здравствена состојба на папата, а неделната миса, која вообичаено ја води папата, ќе се одржи во присуство на друг висок функционер на Ватикан, пренесува Ројтерс.
Ватикан во понеделникот објави дека папата ќе ја продолжи хоспитализацијата поради лошите тестови на крвта кои покажаа дека боледува од полимикробна инфекција на респираторниот тракт. На Папата му беше дијагностициран плевритис на млада возраст и му беше отстранет дел од белите дробови, а во последно време е склон на белодробни инфекции.