Припадници на даночната полиција и на Внатрешната служба за приходи, по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, влегле во повеќе од 50 фирми во различни градови во Србија за да извршат проверка на нивната деловна активност.
Акцијата утринава е во рамки на кампањата за откривање и гонење на корупциски злосторства, јави РТС. Според медиумот кој се повикува на добро упатени извори, во моментов под лупа се над 50 фирми, а во наредните денови ќе се вршат контроли во уште поголем број фирми низ Србија.