Во Фудбалската федерација на Македонија денеска се одржа седница на која помеѓу другото се донесе одлука и за цената на билетите за натпреварот против Велс.
Македонија ќе го пречека Велс во рамките од квалификациите за Светското првенство 2026 година на 26 март, а ФФМ за овој натпревар одреди цени на билетите од 300 до 900 денари. По 300 денари ќе се продаваат билетите за западната и истичната трибина, а 400 ќе бидат на северната и јужната трибина, додека 900 денари ќе чинат ВИП билетите. На седницата беа донесени и други одлуки кои може да ги прочитате на сајтот на ФФМ.