Фановите на Формула 1 и на Ферари можат да бидат задоволни од првото тестирање на автомобилот на овој тим, што го изврши Шарл Леклер на патеката Фиорано. Шарл Леклер го извози својот прв пробен круг во автомобилот на Ферари за сезонава и постигнатото време е многу добар знак и за него и за неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Во вторникот вечерта, Ферари учествуваше на преставувањето на автомобилите во лондонската О2 Арена, претставувајќи го својот автомобил за сезоната во Формула 1, заедно со другите девет тима кои ќе се натпреваруваат за титулата. Потоа тимот на Ферари се врати на патеката Фиорано во близина на италијанскиот град Маранело за да ги заврши првите тест-сесии. Деталите за првите извозени кругови на ѕвездата на Ферари, Шарл Леклер неофицијално се откриени и времето е импресивно. Во пресрет на минатата сезона, автомобилот на Ферари СФ-24 постави рекорд на патеката Фиорано од 57 секунди за еден круг. Сега Леклер го подобри ова време за 94 стотинки, завршувајќи го кругот за 56,06 секунди со новиот Ферари СФ-25.
Hitting the track for the first time 👊
The SF-25 makes its debut in Fiorano! pic.twitter.com/Mnks5EcLrv
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) February 19, 2025
Ако е вистина, тоа ќе биде исклучително оптимистички знак и за Леклер, кој ќе се надева дека ќе го освои својот прв шампионат за возачи и за новиот тимски колега Хамилтон, кој е желен да ја освои рекордната осма титула. Сите 10 тима ќе бидат присутни на Меѓународната патека во Бахреин од 26 до 28 февруари за да ги одржат своите последни тестови пред отворањето на сезоната 2025 година во Мелбурн, Австралија, викендот од 14 до 16 март. Како што стојат работите сега, Ферари е вториот фаворит за освојување на шампионатот за конструктори во 2025 година, зад актуелниот шампион Мекларен. Во меѓувреме, Леклер е трет фаворит за освојување на титулата кај возачите, зад Ландо Норис и Макс Верстапен, а пред Хамилтон.