Аман со хајката против бизнисменот Кочо Анѓушев, кога ќе разбереме дека со тоа што ќе ги уништиме успешните во земјава ќе ја уништиме државата или во најмала рака ќе ја уназадиме и ќе ја вратиме во камено доба? Човекот извезува возила во цел свет, возила направени во државата од наши инженери, за тоа тој треба да добие орден и голем респект!
Секој во земјава што вработува луѓе и дели плати заслужува респект особено ако не бил дел од режим на власт, ако не украл за ич пари големи државни монополи или ако не земал големи пари од буџетот поради матни зделки. Кочо не беше дел од Груевизмот, не бил дел од Скопје 2014-та, не млатеше пари поради пријателство со Сашо Мијалков, туку ситуацијата е обратна, тој сведочеше дека бил во судир и жртва на таа власт…
Човекот е професор на факултет, бизнисот го гради со децении, извезува, развива зелени енергетски капацитети , не ми е јасно кого му користи обидот овој човек да се уништи? Црните листи се многу чудни, многу луѓе завршија на нив под нејасни околности, без судско рочиште, без можност да се бранат, како некој сталинистички суд каде немаш право на одбрана, тоа е многу нефер, тоа може да му се случи на секого од нас ако еден ден станеме успешни и некој посака тоа да ни го одземе преку ноќ и да не уништи…
Добро би било ако идол на младите не е Аца Лукас или Раде Штекли туку професори и успешни бизснимени како Кочо Анѓушев, тој човек треба да држи лекции како со напор со фокус со многу жртви за 30 години да направиш такви големи брендови и компании, но денеска младите сакаат успех за 3 месеци не сакаат 30 години да остануваат до доцна во ноќта во канцеларија додека сите уживаат по кафичи и дискотеки и ресторани…