Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го посети папата Франциск во болница по што изјави дека тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор, и покрај неговата дијагноза на пневмонија и комплицирана бронхијална инфекција поради која веќе шест дена е хоспитализиран. Taa ги изрази своите желби за брзо закрепнување на папата, во име на Владата и целата нација.
„Се шегувавме како и секогаш. Тој не ја изгубил својата смисла за хумор“, посочи Мелони. Таа е првиот потврден надворешен посетител за кој се знае дека го посетил папата, освен неговите секретари и медицинскиот тим, од неговиот прием на 14 февруари во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, каде за него има апартман на 10-тиот кат. Ватикан соопшти дека папата Франциск, на кого му бил отстранет дел од едното белодробно крило како млад човек, станал од кревет и јадел по мирната ноќ, еден ден откако тестовите потврдија дека има пневмонија во двете белодробни крила, покрај астматичен бронхитис