По поразот од Италијанецот, Матео Беретини, Новак Ѓоковиќ го заврши и настапот во двојки на турнирот во Катар. Ѓоковиќ денеска настапи во тандем со ветеранот Фернандо Вердаско, но загубија со 2:0 во сетови.
Подобри од Новак и Вердаско беа Хари Хелиовара и Хенри Патен со 5:7 и 4:6. Ѓоковиќ имаше желба во Доха да дојде до јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата, но сега ќе мора да почека некој друг турнир да сео биде да стигне до оваа бројка.